Македонија

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот и доволни количини

Премиерот за утре најави средба со дистрибутерите и ќе побара од нив да не го користат притисокот на цената на горивото за да се зголемат веднаш  цените на прехранбените производи и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошничка на граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата по зголемувањето на цената на нафтените деривати во земјава и порастот на цената што се случи од ноќеска по одлуката на Регулаторната комисиј, и, како што рече, во согласност со тоа ќе реагира.

Според него,  добра вест е што утрово цената на нафтата паднала и од синоќешните 120 долари за барел, сега се тргувала за околу 90 долари за барел.

Мицкоски рече дека Владата во овој момент не гледа причина за прогласување кризна состојба, и покрај економските ризици што произлегуваат од конфликтот на Блискиот Исток, кој предизвика значителен раст на цените на нафтата и гасот.

Премиерот рече дека и покрај поскапувањето имаме најевтина цена на нафтата и поради тоа, граѓаните на соседните држави доаѓаат во пограничните предели да точат гориво.

„И покрај поскапувањата, кај нас дизелот е 1,39 евра, во Албанија е 1,79 евра или 30 проценти поскап. Во Србија е 1,73 евра, што е 25 проценти повеќе, во Косово 1,52 евра, во Грција 1,59 евра, а во Бугарија 1,41 евро“, рече Мицкоски.

„Инспекторатот е на терен, нема прекин во снабдувањето. Логично е да имаме притисок во западниот дел на државата – и во Србија е поскапо, во Косово цената варира. Во регионот имаме најниска цена за дизел горивото, а слична е и цената за бензинот. Очекуваме притисок и во периодот што следи, но имаме доволно количини. Разговаравме со компаниите и дистрибутерите. Во моментот нема опасност од недостиг. Цените на светските берзи паѓаат, и внимателно ја следиме состојбата“, рече Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски за утре најави средба со трговците и дистрибутерите за да се информира за влијанието на цените на горивата врз цените на храната во маркетите.

Тој вели дека ќе побара од нив да не го користат притисокот на цената на горивото за да се зголемат веднаш  цените на прехранбените производи и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошничка на граѓаните

„Очекувам тие да се однесуваат фер кон граѓаните. Колку тие ќе бидат фер кон нив, толку и владата ќе има фер однос кон трговците“, вели премиерот.

Тој рече дека антимонополската комисија и инспекторите ќе го следат  однесувањето на трговците, и така ќе се однесува.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

To top