Македонија

Мицкоски: Македонија од држава за потсмев и во криза сега е чинител на енергетска стабилност

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на собраниската седница за пратенички прашања за состојбите и плановите во енергетскиот сектор, потсети на моментите во енергетскиот сектор кога новата влада ја презема извршната власт, оценувајќи ја како алармантна и катастрофална состојба, катаклизмична состојба во август, септември 2024 година, со акумулации на некои 7 до 8 проценти, јаглен на депонија во РЕК Битола од 20-30 тони доволни за еден блок да работи 5-6 дена, неремонтирани рударски машини , незавршени јавни набавки, неремонтирани производни блокови, Осломеј Кичево запуштен и запоставен како споменик од некое транзициско време. Една катастрофална состојба, оцени Мицкоски.

-Денес во услови на криза, не цели две години потоа, година и половина, имаме 150-160 илјади тона јаглен депонирани на двете депонии во Битола и во Кичево, имаме акумулации на околу 40 проценти количина на вода, обезбедени количини на гас заклучно со месец април потребен за затоплување на Скопје, и во моментов АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, извезува во ноќните часови во вредност, којашто носи на компанијата околу 100 до 150 илјади евра на ден, во зависност од количината и цената на берзите во денот. И ова е состојбата во услови на најголемата енергетска криза за којашто експертите велат дека е поголема од онаа енергетска криза во 70-тите години на минатиот век, кога дневно недостасувале околу 8 до 10 милиони барели нафта, а денес меѓу 11 и 12 милиони барели нафта. Волуменот на кризата е сличен. И ние во пикот на оваа криза не само што сме стабилни туку и извезуваме стабилност во регионот, нешто што до сега е невидено од нашата држава во услови на криза.

Мицкоски оцени дека со тоа репутацијата на Македонија е променета до степен дека се бара помош од нас.

-Во услови на епска криза ние, компанија од Македонија, снабдуваме неколку аеродроми со керозин. Замислете сега ние да донесеме одлука на влада, да нема изнесување. Тие аеродроми ќе се снајдат, но со поинаква цена. Но тоа директно ќе влијае на картите авионски, на транспортните трошоци, директно ќе влијае на инфлацијата во тие држави. Тоа го прави оваа Македонија денес. Не онаа којашто правеше свадба на граничен премин за донација од 5000 вакцини, туку оваа Македонија денес, посочи Мицкоски којшто ги искоментира и предлозите од опозицијата во врска со надминување на енергетската криза, како популизам и предлози коишто и самите тие кога имаа можност не ги применуваа во кризни периоди.

Мицкоски во одговорот ги посочи и плановите за предлог за заеднички настап на регионот пред светските инвеститори а во врска со светските состојби и потреба од електрична енергија.

-Токму затоа мислам дека е добро за целиот регион, бидејќи прашавте за идните планови, а за тоа ќе зборувам на следниот Самит ЕУ- Западен Балкан во Подгорица во јуни , да се организираме регионално. Преносните мрежи, далекуводите, гасните конектори и цевководи немаат шенген, тие се интегрирани во европскиот систем. Нема преговори или Уставни измени. И тоа е напа предност како регион, нема да бидеме препознаени ако одиме секој сам, индивидуално нема да бидеме препознаени од светските инвеститори. Го зборував ова во едно интервју, каде ја гледам шансата. Директорот на светската енергетска агенција, Фатих Бирол, со мене беше на панел во Давос, вели, во следната деценија во светот ќе недостасуваат 40 илјади теравати инсталиран капацитет. Како регион ако си поставиме цел, здружено да се претставиме пред потенцијалните инвеститори, и од тие 40 илјади теравати, да донесеме 0,01 процент. Тоа е 4 теравати, тоа се 4 трилиони американски долари инвестиции. Поделено на 10 години тоа се 400 милијарди долари годишно. Потенцијални инвестиции во делот на енергетиката. Регионална иницијатива. Ако успееме ова како држави од регионот да го направиме, верувајте ќе бидеме препознаени од инвеститорите. И ќе го трансформираме нашето општество, бидејќи, вкупните наши вредности на номинален БДП се околу 250 милијарди долари. А замислете да донесеме 0,01 процент ако ги донесете тука, а имаме можност тоа да го направиме. Второ е прашањето дали имаме доволно градежна оператива, преносни врски, логистика за сето тоа, тоа е прашање на организација. Но прво треба сите ние да сме свесни дека ова е проект којшто нас не обединува и прави трансформација на нашите економии и на нашите системи, оцени премиерот Христијан Мицкоски во одговор на собраниската седница посветена на пратенички прашања.

Најнови вести од: Македонија

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

To top