Македонија

Мицкоски: Менкиноски не е криминалец, туку чесен граѓанин, кому „грев“ му е застапувањето на правата на Македонците! – ЕУ да го осуди ова однесување на Бугарија!

Премиерот Христијан Мицкоски јавно го осуди тоа што се случува со адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, оценувајќи дека „тоа е лоша порака“ и дека „тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку не излезе со осуда на ваквото однесување“.

Мицкоски, Одговарајќи на новинарски прашања по увид во изградбата на пречистителна станица во Кучевишка Бара, Мицкоски денеска изјави дека разговарал по телефон со адвокатот Тони Менкиноски и дека е детално запознаен со тоа што се случило. -Јавно го осудувам тоа што се случува. Тоа е лоша порака и лоша порака за самата Европска Унија и очекувам дел од земјите членки на ЕУ да го осудат ваквото однесување на нашиот источен сосед бидејќи нема да биде првпат нашиот источен сосед да ги крши човековите права, тоа веќе го направи неколку пати досега, откако не ги примени пресудите од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, изјави Мицкоски.

Премиерот посочи дека не зборуваме за човек, којшто е криминалец, туку за чесен граѓанин „којшто единствен грев му е тоа што ги застапува правата на Македонците“ од другата страна на границата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. – Тоа е единствениот грев и затоа добива црн печат. Навистина бескрупулозно и заслужува целосна осуда и тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку ЕУ не излезе со осуда на ваквото однесување, изјави Мицкоски.

Адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, вчера изјави дека го информирал парламентот, Владата и Министерството за надворешни работи, за да преземат соодветните чекори согласно нивниот мандат и овластување, бидејќи, како што рече, да се стави црн печат на адвокат не се случило ниту во Нинбершките процеси.  Менкиноски, кој ги застапува македонските здруженија од Бугарија пред Европскиот суд за човекови права, смета дека политиките кои во иднина ќе ги градиме треба да бидат политики за демократизација на Бугарија која треба да ги почитува правата на македонското малцинство во целост.

Според него, постојат повеќе механизми за оспорување на оваа одлука и тоа пред Советот на Европа и Обединетите нации, а информирани се и Хјуман рајс воч и Амнести интернешнл. Менкиноски очекува силна реакција од ОН.

Најнови вести од: Македонија

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

Секоја генерација треба да знае за хероите кои го дадоа животот за Македонија, рече министерот за одбрана

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а тој се организира во соработка со Министерството за одбрана, Бирото за јавна безбедност и здруженијата на загинатите бранители.

Кекеновски: Наместо „решителен чекор“ Урсула Лаен повторува „сменете устав“ и „разговарајте со Софија“!

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен на Скопје требаше да биде повеќе од уште една протоколарна станица на нејзината балканска турнеја. Барем такви беа очекувањата што претходно беа создадени во јавноста. Нејзината посета не даде доволно јасен одговор. Лаен само повтори дека е потребен клучниот чекор поврзан со уставните измени.“ – нагласува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „Фон дер Лаен: наместо „решителен чекор“ – „разговарајте со Софија“ .

(Фото): Свечено отворени Ресурсниот и Младинскиот центар Карпош

По повод одбележување на 50 години од основање на Општина Карпош, во рамки на култниот спортски објект „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, беа официјално отворени Младинскиот Центар – Карпош (МЦК) и Ресурсниот Центар – Карпош (РЦК).

Мицкоски: Преносот на останките на Цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска предавањето на посмртните останки што се идентификуваат со Цар Самоил, од Грција во Бугарија, се осврна на Бледскиот договор, посочувајќи на историскиот контекст по капитулацијата на фашистичка Бугарија во Втората светска војна и на пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје.

Палангурски: Нема ДНК-анализа и Бугарија не знае со сигурност дали се од Самоил коските, што ќе ги добие!

Бугарија не направи ДНК-анализа на посмртните останки што ќе бидат донесени во Бугарија за да се потврди дали му припаѓаат на цар Самуил, а целата акција не беше добро подготвена, ниту пак е направен каталог и студија за артефактите што ќе ѝ бидат вратени на Грција – рече историчарот проф. Милко Палангурски од Трновскиот Универзитет во емисијата „Здраво, Бугарија“ на бугарската Нова.тв.

To top