Македонија

Мицкоски најави крај на долгогодишниот проблем во Сарај, проект вреден шест милиони евра

Со инвестиција поголема од шест милиони евра ќе се уредуваат 12 километри од коритото на Сува Река, а проектот треба да биде завршен до 2029 година.

Премиерот Христијан Мицкоски ја посети Општина Сарај, каде што изврши увид во почетокот на активностите за уредување на коритото на Сува Река – проект вреден повеќе од шест милиони евра, чија цел е трајно да се реши проблемот со поплавите во овој дел од Скопје. Проектот, кој се реализира со средства обезбедени преку Министерството за животна средина и просторно планирање, опфаќа уредување на речното корито во должина од 12 километри, од селото Бојане до Глумово, каде што Сува Река се влева во Треска. Реализацијата ќе се одвива по фази и треба да заврши во 2029 година.

При посетата, Мицкоски порача дека Владата останува фокусирана на исполнување на преземените обврски и реализација на капиталните проекти.

  • Оваа Влада останува посветена на реализирањето на проектите и на ветувањата што ги презедовме како обврска. Не е лесно, предизвици има многу, но нема да се откажеме, бидејќи проблемите што се таложеле со децении не можат да се решат преку ноќ. Сепак, бараме начин и можност приоритетите на граѓаните да бидат завршени – изјави Мицкоски.

Тој им се заблагодари на жителите на Сарај за трпението и разбирањето додека проектите започнуваат да се реализираат.

  • Им благодарам на граѓаните на Општина Сарај што беа толерантни и трпеливи овие проекти полека, но сигурно да почнат да се реализираат. Благодарност и до сите колеги од Владата кои покажуваат како се работи во интерес на граѓаните и на Македонија – рече премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top