Македонија

Мицкоски најави откривање на нови случаи на корупција

Следиме уште неколку случаи на корупција во институциите и чекаме и тоа, да го земат тоа што го побарале од граѓаните. Ги повикувам граѓаните да пријавуваат!

Screenshot
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека се следат уште неколку случаи на сомнежи за корупција во институциите и ги повика граѓаните да пријавуваат доколку од нив се бара мито.

Прашан за случаите со побарано мито кои беа обелоденети во изминатиот период, Мицкоски рече дека веќе има пријави за уште неколку случаи.

„Следиме уште неколку случаи на корупција во институциите и чекаме и тоа, да го земат тоа што го побарале од граѓаните. Ги повикувам граѓаните да пријавуваат! Има пријави на неколку случаи во институции“, рече Мицкоски.

Од неговата изјава не се открива за кои институции станува збор, колку лица се опфатени со пријавите, ниту какви суми наводно биле побарани.

Изјавата доаѓа по повеќе случаи во изминатиот период во кои надлежните институции постапуваа по сомнежи за барање и примање мито.

Најнови вести од: Македонија

ЕСМ: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

ЕСМ Снабдување со топлина упати последен апел до граѓаните на Скопје приклучени на системот за централно греење навремено да ги завршат сите неопходни подготовки за претстојната грејна сезона

Мицкоски: Мојот идентитет не е создаден од Југославија!

„Идентитетот го опфаќа името на државата и мојот јазик; тој е наследство од моите предци, моето културно наследство и богатата македонска историја – како и од оние предци кои со својата крв го платија животот што го живееме денес, вели премиерот

To top