Македонија

Мицкоски незадоволен од судството, бара расчистување на аферите

Во суштина и немаме владеење на правото, туку имаме мешетарење во правото, оцени премиерот во отчетот за две години влада

Премиерот Христијан Мицкоски изрази незадоволство од состојбите во правосудството и побара расчистување на сите афери заради кревање на минорниот процент доверба во третата власт во државата.

„Владеењето на правото е проблем во перцепцијата на граѓаните, затоа што во суштина и немаме владеење на правото, туку имаме мешетарење во правото, за жал“, изјави тој во отчетот за работата на Владата што ја предводи на половина од нејзиниот мандат.

Мицкоски направи ретроспектива на моментите што директно влијаеле, според него, за катастрофалната перцепција на правосудството во очите на граѓаните: генералниот реизбор на судиите за време на Владата на СДСМ од 1994 до 1998 година, кога во Собранието немаше (вистинска) опозиција, како и Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева.

„Сите ние знаеме како заврши сето тоа, а за да го покажат карактерот на ситни души се оние бонуси кои до денешен ден останаа нерасветлени. Но, тоа нема да остане туку така и сега да се надоврзам на моите очекувања од сегашниот јавен обвинител, да поминат 100 дена кои што треба секој да ги добие на аклиматизација, запознавање со средината и слично, очекувам сите овие работи да бидат расветлени и да бидат пред јавноста обелоденети. Тогаш јавноста ќе може да почне да размислува за промена на перцепцијата, бидејќи ако останат неразјаснети и нерасчистени, тогаш се плашам дека состојбата ќе биде уште полоша и довербата кон тие институции ќе биде уште помала од граѓаните“, додаде претседателот на Владата.

Најнови вести од: Македонија

УЈП: За шест месеци граѓаните „оставиле“ 1,6 милијарди евра во казина, обложувалници и на слот-машини

 Иако веќе почнаа да се применуваат роковите за дислоцирање на казината, салите со слот-апарати и обложувалниците, трошењето пари на „игри на среќа“ не покажува опаѓање

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

To top