Македонија

Мицкоски: Новите мерки против пушењето ќе важат за сите, без исклучоци и повластени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека новиот предлог-закон за пушење е подготвен по широк консултативен процес со сите засегнати страни и најави дека неговата примена ќе биде строго контролирана на целата територија на државата, без исклучоци и без повластени.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека новиот предлог-закон за пушење е подготвен по широк консултативен процес со сите засегнати страни и најави дека неговата примена ќе биде строго контролирана на целата територија на државата, без исклучоци и без повластени.

На средба во Владата со претставници на здруженија, организации и стопански субјекти, Мицкоски истакна дека законското решение не е донесено еднострано, туку е резултат на разговори со производители, дистрибутери, угостители, хотелиери и други засегнати чинители.

„Не постои идеално законско решение. Целта беше да дојдеме до компромис со кој сите ќе имаат одредено ниво на незадоволство, но и чувство дека нивните ставови се слушнати и земени предвид“, рече премиерот.

Тој информираше дека предлог-законот следната недела ќе биде доставен на владина седница, каде што ќе биде разгледан од министрите.

Според Мицкоски, една од главните цели на Владата е намалување на употребата на тутунски производи и подобра заштита на јавното здравје. Воедно, тој очекува новите законски решенија да придонесат за подобри здравствени резултати кај населението.

Премиерот најави засилени инспекциски контроли и нагласи дека законот ќе се применува подеднакво во сите региони на државата.

„Нема да има повластени региони, градови или поединци. Ако некој мисли дека поради блискост со одредени структури ќе може да го избегне законот, се лаже. Можеби еднаш или двапати нема да биде откриен, но третиот пат сигурно ќе биде санкциониран“, порача Мицкоски.

Тој додаде дека Владата и во минатото носела законски решенија кои не биле популарни, но биле неопходни за заштита на човечките животи, посочувајќи го како пример проектот „Безбеден град“, за кој рече дека придонел за значително намалување на бројот на жртви во сообраќајот во првите месеци од годинава.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред сам да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top