Македонија

Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Сакаме да бидеме дел од ЕУ, но бараме фер процес заснован на јасни правила

Премиерот посочи дека со претседателката на ЕК разговарал отворено и за предизвиците што Македонија ги има во односите со источниот сосед

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која денеска престојува во официјална посета на Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан, во Владата оствари средба со премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

По средбата, тие одржаа заедничка прес-конференција на која премиерот посочи дека нејзиното искуство во регионот и континуираната посветеност на европската перспектива, тој високо ги цени.

Средбата ја оцени како отворена, содржајна и насочена кон прашањата кои директно ја определуваат европската иднина.

-Се разбира дека разговаравме за реформите, за динамиката на пристапниот процес, но и за предизвиците кои со години го оптоваруваат нашиот пат кон Европската Унија. Нашата определба како држава е јасна и останува непроменета. Сакаме да бидеме дел од Европската Унија и посветено работиме на таа цел. Истовремено, веруваме и дека дојде време овој процес да добие посилна политичка поддршка од сите европски институции. Нашата европска определба никогаш не била и нема да биде спорна. Она што денес го бараме е процес кој ќе биде фер и заснован на јасни правила. Ние ги завршуваме нашите обврски и спроведуваме реформи што се очекуваат од една земја, понекогаш на време, понекогаш малку и доцниме, но сепак ги завршуваме, како земја која што сака да стане членка на Европската Унија, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека со претседателката на ЕК разговарал отворено и за предизвиците што Македонија ги има во односите со источниот сосед.

-Нашата желба е тие прашања да се надминуваат низ дијалог, во добра волја и со взаемно почитување.  Исто така на денешната средба зборувавме и јас тоа го напоменав дека очекуваме да биде вклучена и Европската Унија во овој процес. И не бараме од Унијата да завзема страна, рече Мицкоски.

 

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top