Македонија

Мицкоски: Пролетва состанок со претседателот на Турција Ердоган во Скопје – Ќе се засилат заемните односи

„Убеден сум дека како наш стратегиски партнер Турција ќе овозможи слободен пристап на македонските компании на турскиот пазар, оти дел од постојните пречки ќе бидат многу скоро избришани и македонските производители, посебно во земјоделието, фармацијата и во останатите гранки ќе може да најдат свое место на турскиот пазар.“ – рече премиерот Христијан Мицкоски.

„Во разговорите со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган одредивме оваа пролет да се одржи прв состанок, тој ќе дојде во Скопје.“ – најави денеска премиерот Христијан Мицкоски во Собранието, одговорајќи на пратеничко прашање од пратеникот Сали Мурати, во врска со заемните односи на Македонија и Турција. – Во моментов не можам да кажам точно кога и како ќе се реализира таа посета. Убеден сум дека до оваа прва средба ќе дојде многу бргу и оти ќе имаме можност и чест, да го пречекаме претседателот Ердоган во Скопје – истакна премиерот Мицкоски.

Со потпишувањето на договорот за проширување на заемната соработка во овој период засилени се партнерства на повеќе полиња, додаде премиерот Мицкоски. – Потпишавме договор за проширување на двостраната соработка со Турција, нешто што претставува наша стратегиска цел. Во рамките на тоа партнерство контактите се засилени и повеќето од компаниите, што доаѓаат кај нас, или можни инвеститори од Турција во Македонија, веќе се прифатени од институциите и ги почнуваат своите инвестиции, или се во фаза на почеток. Договорот не беше потпишан долго време, но а се потпиша со доаѓањето на оваа Влада. Во рамките на договорот се засили соработката на полето на одбраната – рече Мицкоски.

Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија  соработуваат со соодветните институции на владата на Турција, додаде тој. – Непосредно вршиме набавка на одбранбени системи, истовремено обучуваме кадри и во таа смисла со доаѓањето на оваа Влада во голема мера се засили заемната еѓу двете држави. За мене главен интерес е малку да се корегира нивото на трговската размена, бидејќи Турција има голем суфицит во размената, односно многу повеќе извезува во Македонија, отколку што Македонија извезува во Турција – рече премиерот.

Убеден сум, додаде тој, дека македонските производи може да бидат конкурентни на турскиот пазар. – Убеден сум дека како наш стратегиски партнер Турција ќе овозможи слободен пристап на македонските компании на турскиот пазар. Убеден сум дека дел од постојните пречки ќе бидат многу набргу избришани и оти македонските производители, посебно во земјоделието, фармацијата и во останатите гранки ќе може да најдат свое место на турскиот пазар. На тој начин оваа нерамнотежа во размената каде што Турција има голем суфицит ќе биде отстранета – нагласи премиерот Мицкоски.

Добра соработка меѓу двете земји има и во туризмот, додаде Мицкоски, голем број турски туристи доаѓаат во Македонија, а соработка се остварува и во рамки на високото образование, бидејќи голем број студенти од Турција се присутни на универзитетите во Македонија. Ова ќе биде втора официјална посета на Ердоган на Македонија. Тој ја посети нашата земја во 2011 година, кога ја вршеше функцијата премиер на Турција.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

Секоја генерација треба да знае за хероите кои го дадоа животот за Македонија, рече министерот за одбрана

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а тој се организира во соработка со Министерството за одбрана, Бирото за јавна безбедност и здруженијата на загинатите бранители.

Кекеновски: Наместо „решителен чекор“ Урсула Лаен повторува „сменете устав“ и „разговарајте со Софија“!

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен на Скопје требаше да биде повеќе од уште една протоколарна станица на нејзината балканска турнеја. Барем такви беа очекувањата што претходно беа создадени во јавноста. Нејзината посета не даде доволно јасен одговор. Лаен само повтори дека е потребен клучниот чекор поврзан со уставните измени.“ – нагласува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „Фон дер Лаен: наместо „решителен чекор“ – „разговарајте со Софија“ .

To top