Македонија

Мицкоски: Добри односи со сите соседи по принципот „двонасочна улица“, но прво заштита на интересот на државата и на идентитетот!

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека како Влада работат темелно и посветено на остварување на целите што ги инаат зацртано во насока на развој на државата и на процесот на нејзина евроинтеграција. Имаат, вели, план и стратегија на чие остварување работат без да ветуваат чуда, туку да ги постават работите на здрава основа.

Ние работиме темелно, посветено, чесно и напорно. Резултатите полека доаѓаат. Тоа што е наша стратегија за реализирање на овие цели, полека се случува. Се разбира дека јавно нема многу да зборувам за деталите. Како човек очекувам да имаме добрососедски односи со сите со сите соседи. Како претседател на Влада ќе сторам сè што е во наша моќ, прво да го заштитам интересот на граѓаните, да го заштитам идентитетот и интересот на на државата. И второ, нормално, да градиме добрососедски односи со сите наши соседи на основа на принципот на двонасочна улица. Затоа што затоа што за секоја работа во животот треба најмалку двајца, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање што може да се очекува од најавените утрешни средби на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот Тимчо Муцински со бугарската претседателка Илијана Јотова.

Не знам која би била можната содржина на средбите, вели премиерот, но, нагласува дека Владата има план и стратегија и оти работи на нивно исполнување.

Ние чуда никогаш не сме ветиле. Затоа што ние не сме чудотворци. И секој којшто ветува чуда лаже, не ја говори вистината пред граѓаните. Ние само ветувавме напорна работа, тоа што и го правиме. Јас знам дека можеби има некои очекувања за некои работи да се случуваат побргу, но ова што денеска го зборувам, го зборував и во кампањата за изборите во 2024 година и ќе го зборувам и понатаму, бидејќи мора работите да се постават на здрава основа за да генерациите после нас да немаат главоболки какви што ние имаме, рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања по поставување на камен-темелник на училиште во Ѓорче Петров.

Најнови вести од: Македонија

„РОЗОВ ОКТОМВРИ“ ВО ОПШТИНА КАРПОШ – ЗАЕДНО ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКАТА

Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје

Николоски: Новиот мобилен оператор ќе ја користи мрежата „Старлинк“ на Илон Маск

На прашањето дали телекомуникациската компанија „4iG“ гради сопствена 5G мрежа, Николоски за „360 степени“ вицепремиерот рече дека веќе најавиле стратешка соработка и дека Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои директно ќе се имплементира оваа технологија

To top