Македонија

Мицкоски: Сами ќе ги изградиме „Чебрен“ и „Галиште“

Според премиерот , инвестицијата би достигнала до 1,5 милијарди евра, вклучувајќи ги и трошоците за финансирање

Покрај енергетскиот аспект, премиерот  нагласи дека проектот има и стратешко значење поради климатските промени и потребата од дополнителни резерви на вода.

Како што рече, акумулациите би можеле да придонесат за наводнување на околу 60.000 хектари земјоделско земјиште во Тиквешкиот регион.

Мицкоски истакна дека ладата е блиску до донесување одлука хидроенергетскиот проект Чебрен и Галиште да го реализира самостојно, без вклучување на приватен партнер, а според него, инвестицијата би достигнала до 1,5 милијарди евра, вклучувајќи ги и трошоците за финансирање.

Тој посочи дека анализите покажуваат внатрешна стапка на поврат над 10 проценти, што, според Владата, го прави проектот економски оправдан.

„Доколку успееме да формираме синдикат на меѓународни финансиски институции, а разговорите се во таа насока, тогаш реално е да се очекува дека следната година ќе ставиме камен темелник на овој, би рекол, историски проект. Има многу причини за кои верувам и јас и колегите во Владата и во компанијата АД ЕСМ, поранешна ЕЛЕМ, дека треба да се обидеме, народски кажано, да стиснеме заби да го изградиме сами овој проект. ​Имајќи ги предвид климатските промени убеден сум дека не само на Македонија како држава, туку и во регионот ќе им требаат два резервоара за питка вода.

А, токму тие се тие акумулации, таков тип на резервоари, така што производството на електрична енергија можеби и не е примарен предизвик, можеби терцијален или четврти по ред, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот додаде дека подрачјето има потенцијал и за развој на дата-центри, а државата е во завршна фаза на разгледување на моделот за самостојна реализација на проектот.

Како следен чекор се предвидува подготовка на потребната документација и избор на изведувач согласно меѓународните стандарди за изградба на вакви инфраструктурни објекти.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top