Македонија

Мицкоски: СДСМ да го повика избеганиот ексдиректор на ЕСМ Васко Ковачевски да се врати во РМ и да се соочи со правдата!

Премиерот Христијан Мицкоски очекува од СДСМ да се однесува критички како сега, но и кога високи функционери од претходната Влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада, нивни блиски од семејството и така натаму, ќе бидат опфатени со одредени прогони. Мицкоски oчeкува СДСМ да го повика избеганиот поранешен директор на ЕСМ Васко Ковачевски да се врати во земјава и да се соочи со правдата.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека СДСМ продолжува со повикот дека поранешниот премиер Никола Груевски треба да одговара, тој рече: – Па јас поврзано со таа тема, тоа што имав да кажам, го кажав во текот на вчерашниот ден и немам што да додадам. Мораме во државата да имаме подеднакви услови за сите, без разлика кој бил, како бил, дали некој е сегашен, дали некој е поранешен висок функционер и тука не треба да има никаква дилема, никој. Барем додека е оваа Влада и додека сум јас претседател на Владата. Но, она коешто загрижува е фактот дека од опозицијата сѐ уште не ја научија лекцијата. И сѐ уште живеат во оној свој паралелен свет, па никако не можете да слушнете, да речеме да го повикаат Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата. И се чудам зошто на нивните прес-конференции, доколку сакаат и планираат да бидат реална алтернатива на оваа Влада, не можете да го сретнете името на Васко Ковачевски и да го повикаат исто така да се врати и да се соочи со правдата.

Мицкоски очекува од СДСМ да биде критички и да се однесува критички како сега, кога високи функционери од претходната Влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада, нивни блиски од семејството и така натаму, ќе бидат опфатени со одредени прогони. –  Имам чувство, не велам дека имам информации. Очекувам дека и тогаш кога тоа ќе се случи, исто така ќе имаат вакви прес-конференции и тогаш нема да велат дека тоа е политички прогон, туку истите тие ќе ги повикаат да одговараат пред органите, односно да ја докажуваат својата невиност – рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top