Македонија

Мицкоски: Цените на храната во јули да не се зголемат над 3 проценти

„Оправдување и изговори не прифаќам, од типот „не ни ги качиле, не ни ги намалиле цените“ и слично, порача премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски објави на фејсбук дека вчера била По вчера одржаната работна средба со претставници на најголемите трговски синџири во земјава, посветена на справување со инфлацијата и растот на цените на основните прехранбени производи, премкиерот Христијан Мицкоски со објава на Фејсбук соопшти дека целта била „заеднички да се придонесе годишната инфлација и цените на основните производи во јули да останат под 3 проценти “

Тој потенцира дека Владата останува посветена на спроведување мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и обезбедување поголема економска сигурност.

Премиерот Мицкоски вчера во зијава за медиуми пред средбата во Владата упати порака оти кризата завршува и дека граѓаните биле толерантни, поради што, како што истакна, сега е на ред трговците и дистрибутерите да им се одолжат и да ги намалат цените на производите, посебно основните прехранбени производи.

„Оправдување и изговори не прифаќам, од типот „не ни ги качиле, не ни ги намалиле цените“ и слично. Доколку не се види реакција од страна на маркетите, дистрибутерите и производителите во следните денови, тогаш ние како Влада ќе реагираме, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по учеството на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board).

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

„Не е прашање дали Македонија ќе биде во Европа, туку колкава цена ќе треба да плати, под кои услови и со колкаво право да одлучува за сопствената иднина.“ = се нагласува во анализата со наслов „ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка“, која е објавена во дневниот весник „Нова Македонија“.

To top