Македонија

Мицкоски: Во здравството се пишуваат дежурства за 31 работен ден во февруари!

Во здравството се пишуваат дежурства за 31 ден работен во февруари, со 24 часа работа, а истовремено се очекува да вложуваме во здравството, вели премиерот, Христијан Мицкоски, и додава дека сите треба многу повеќе да водиме сметка за општиот интерес и интересот на граѓаните. Тој, одговарајќи на новинарско прашање што да очекуваат граѓаните дали ќе има ново проширување на позитивна листа на лекови, најави дека во месеците кои што следат ќе има ново проширување на лекови на позитивната листа.

„Тоа што ние го правиме во здравствениот сектор е нешто кое што не се случувало со години, па и со децении би рекол, вклучително и проширувањето на позитивната листа. Очекуваме во месеците кои што следат нови убави вести за македонските граѓани со нови лекови кои ќе бидат вклучени на позитивната листа. Но, исто така мораме да бидеме свесни дека здравствениот систем е сериозен предизвик за сите нас и како таков мораме да се однесуваме кон него. Ако ние континуирано продолжиме да го исцрпуваме, на начин на кој што го исцрпуваме во моментот, а истовремено да очекуваме квалитетни услуги и сервис, тоа е невозможно“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека конечно е дојдено време кога треба да си го поставиме прашањето што можеме ние да направиме за татковината, а не татковината за нас.

„Ние како влада ќе сториме сè што е во наша моќ да ги заштитиме интересите на граѓаните и државата, но очекуваме такво однесување буквално од сите, затоа што ние не можеме да се однесуваме како поединци, не велам дека тоа е пракса, во здравството се однесуваат да речеме, се пишуваат дежурства итн. за 31 ден работен во февруари, со 24 часа работа, а истовремено да очекуваме да вложуваме во здравството. Така што ќе треба и ние многу повеќе да водиме сметка за општиот интерес и интересот на граѓаните“, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Македонија преплавена со лажни попусти за „Black Friday“ – инспекцијата со засилени контроли

Државниот пазарен инспекторат најави засилени вонредни контроли во продавниците низ Македонија по повод претстојниот „Black Friday“ (Црн петок), со цел да се спречат измами со цените, лажни попусти и нечесни трговски практики. Инспекторите ќе проверуваат дали трговците законски ги спроведуваат продажните акции, дали правилно ги означуваат цените и дали потрошувачите добиваат точни информации за вистинската […]

Премиерот Христијан Мицкоски најави мерки со кои младите двојки полесно ќе се стекнат со дом

Градежната компанија нема да може да добие дозвола за градба ако уште во процесот на урбанизација и проектирање не одвои најмалку 10 отсто од станбената површина за оваа мерка за младите, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Годишно 8,1 милиони евра оделе кај околу 4 илјади лица, кои немале право на социјална помош!

На седницата на Собранието посветена на пратеничките прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна на буџетот за следната година и предизвиците кои се очекуваат.

One Albania е првиот оператор во Западен Балкан со одобрение за тестирање на технологијата Direct-to-Device на SpaceX

Како дел од 4iG Group, One Albania продолжува да инвестира во напредни технологии, вклучувајќи 5G и оптичка инфраструктура, за да ја подобри поврзаноста и да ја зајакне својата телекомуникациска мрежа низ целата земја.

Јаневски: Потребен е критички однос кон оние, кои работат против државните интереси на Македонија, наместо да им се дава простор и влијание во јавноста!

Се покажа дека случајот со Ива Михаилова го води бугарската служба, но кај нас тенденцијата беше јасна – вината за нејзиното бегство да се префрли на МВР и на министерот Панче Тошковски – вели генералниот директор на Македонската информативна агенција – МИА Дарко Јаневски. Тој во гостувањето на „Колегиум“ на ТВ „Алфа“ говореше за медиумските приказни,  поврзани со случајот со Ива Михаилова, односите со Бугарија и влијанието на странските служби врз новинарството.

Откриени незаконски наплати кај финансиските друштва: треба да им вратат повеќе од 2,3 милиони евра на 26 илјади граѓани!

Над 140 милиони денари, или повеќе од 2,3 милиони евра, ќе треба да им бидат вратени на граѓаните кои користеле потрошувачки кредити од финансиски друштва. Државниот пазарен инспекторат утврдил низа незаконитости при контролите на сите 27 финансиски друштва во Македонија, а со мерките се опфатени повеќе од 26.000 граѓани.

Ангеловски за договорите со Грција и Бугарија: Историјата до средниот век ѝ ја продадоа на Атина, а од средниот век на Софија!

Историјата им ја продадоја на официјална Атина. Таа историја до средниот век и ја продадоа на официјална Атина, а средниот век на официјална Софија, изјави синоќа во своето гостување во емисијата за „Македонските работи“ на Алфа телевизија претседателот на МААК Страшо Ангеловски.

To top