Македонија

Мицкоски за Груби: Не можам да се договарам со човек кој креваше дронови над куќата на сестра ми

Премиерот Христијан Мицкоски остро ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека актуелната власт постигнала некаков договор со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи ги како политички инженеринг без никаква логичка основа и суштина.

Премиерот Христијан Мицкоски остро ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека актуелната власт постигнала некаков договор со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи ги како политички инженеринг без никаква логичка основа и суштина.

„Ги забораваме проски ботовите и актуелната опозиција СДСМ кои ставаат равенство и велат дека власта се договорила со Артан Груби. Ова е политичка теза во изминатите денови. Ајде да видиме што е суштината, а што е политичкиот инженеринг“, изјави Мицкоски.

Тој потсети дека Груби бил еден од најжестоките негови политички противници, со јавни напади и обвинувања, вклучително и случајот со дронови над куќата на неговата сестра, кој бил претставен како негов скриен имот.

„И по некоја чудна логика излегувам како претседател на Владата и се договарам со овие кои сакаат да го видат мојот политички крај, а дел од нив и човечки. Мислам дека нема никаква логика“, рече премиерот.

Според него, тезите на опозицијата се менувале од ден на ден – од тоа дека тој лично „пуштил“ некого, до наводен договор меѓу него и Груби по судската одлука.

„Бегалецот е обезбеден од органите на редот. Сè понатаму е одлука на друга власт – судската власт. Тоа нема врска со Владата“, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека во јавноста се создава хистерија, слично како во други случаи кога се ширеле сценарија за економски колапс или мигрантска криза.

„Процесот сам по себе ќе даде одговор. Времето работи на нивна штета“, изјави премиерот, додавајќи дека ја разбира револтираноста на граѓаните, но дека извршната власт нема надлежност да се меша во одлуките на судството.

Во контекст на промените во обвинителството, Мицкоски изрази очекување дека со новото раководство ќе се гарантира независност и заштита на правдата, оценувајќи дека за одредени лица „агонијата допрва почнува“.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top