Македонија

Момироски за лагите на СДСМ за Сиљановска-Давкова: Ни срам ни перде

Трагична и комична приказна во која главен лик е Груевски кого токму СДСМ го пушти да замине

Екс новинарот а сега заменик генерален секретар во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова реагира на лагите кои денеска ги објави СДСМ.

Во соопштение за јавност СДСМ излажа дека Сиљановска отишла во Турција за да ги спасува Никола Груевски и Христијан Мицкоски.

Во конфузното соопштение на СДСМ во кое воопшто не може да се препознае што сака да порача Филипче преку партиската пропаганда се инсинуира дека Сиљановска Давкова дошла во Турција со некаква тајна мисија.

Момироски објаснува што е цел на посетата на Сиљановска-Давкова и вели ,,Бог да чува”, за соопштението на СДСМ.

,,Денеска македонската претседателка во Истанбул разговараше со претседателот на Турција Реџеп Таир Ердоган за важни и конкретни теми од взаемен интерес за двете земји. Утре Сиљановска-Давкова на Анталија форумот со четворица шефови на држави и влади на важни земји ќе зборува на тема ,,Мапирање на иднината – Менаџирање со неизвесностите”.
Но, социјалдемократските фантасти конспиратори, во недостиг на идеи и дела, смислија и објавија трагична и комична приказна во која главен лик е Груевски кого сами го пуштија да замине”, напиша Момироски на Фејсбук.

Тој во објавата за соопштението на СДСМ ги користи хаштазите:

#ОбичниЛаги
#НиСрамНиПерде
#БогДаЧува
#Тажно

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top