Македонија Бизнис Свет

Може ли конфликтот меѓу Израел и Иран да има импликации врз македонската економија?!

Македонската економија можно е да биде погодена по конфликтот меѓу Израел и Иран, а тоа ќе се почувствува врз цената на нафтата, велат економистите. Секој потрес на глобалните берзи може да доведе до несакани ефекти. Стопанството смета дека мора да имаме долгорочна стратегија, за да не се соочуваме со последици. Дополнителен проблем, според бизнисмените, е […]

Македонската економија можно е да биде погодена по конфликтот меѓу Израел и Иран, а тоа ќе се почувствува врз цената на нафтата, велат економистите. Секој потрес на глобалните берзи може да доведе до несакани ефекти. Стопанството смета дека мора да имаме долгорочна стратегија, за да не се соочуваме со последици. Дополнителен проблем, според бизнисмените, е тоа што Македонија е увозно зависна земја.

Од Владата велат дека ја следат состојбата и не чекаат да се случи нешто за да се преземат мерки. Заменик-министерот за економија вели дека сега нема место за паника.

На воениот конфликт помеѓу Иран и Израел веќе реагираа, светки берзи од час во час се менуваат, додека пак доларот е во најголем пад во последните три години, а се очекува и голем раст на цените на нафтените деривати. 

Ако продолжи воениот конфликт меѓу Иран и Израел можно е да има подгревање на инфлацијата, а тоа е лошо за Македонија оти ќе се зголемат производните трошоци на бизнисите, оценува академик Таки Фити.

  • Основно е да се контролира ситуацијата со индиректни мерки. Ние ја имаме Комисијата за заштита на конкуренцијата и таа треба да си ја врши својата работа. Во екот на кризата, Комисијата рече: „ние не постапуваме ако немаме допрен глас“. Не може така. Комисијата има компетенции да постапува, да спречува монополистичко однесување, да спречува доминанта позиција на определени фирми, да казнува директно за тоа. Таа е една од клучните институции која е задолжена за одржување на нивото на конкуренција и на конкурентниот притисок во економијата, но и на слободата на пазарот и претприемништвото, нагласи Фити.

По стартот на војната помеѓу Израел и Иран, цените на нафтата го забележаа најголемиот скок во последните неколку години, тие пораснаа за повеќе од 4% во само еден ден.

Најнови вести од: Македонија Бизнис Свет

Нема криење на гориво – засилени контроли и кај трговците, велат од Пазарен инспекторат

Во однос на можноста за намалување на ДДВ за увоз на енергенси, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова изјави дека таквите проценки ги прави Владата со ресорните министерства, додека УЈП ќе ги спроведува мерките доколку бидат донесени.

Сиљановска-Давкова од „Треблинка“: Нема да дозволиме историски ревизионизам за Холокаустот на македонските Евреи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи што се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска.

Николоски во САД: Разговараме за раст на партнерството меѓу Македонија и Светска банка

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

To top