Македонија

Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати

Муцунски ги посочи енергетските проекти и големиот број нови инвестиции реализирани во ТИРЗ зоните во изминатат година

Според најновиот извештај на „Фајненшл тајмс“ нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на Бруто домашен производ. Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Овој индекс, посочи Муцунски на прес-конференција во Влада, не ја наградува големината туку напорот и довербата, нагласувајќи дека не е случајност, бидејќи испраќаме порака дека нашата држава е сигурен и достоинствен партнер, градиме предвидливост, ние сме кредибилна членка на НАТО и се поврзуваме со европските коридори.

-Тој покажува дека привлекуваме повеќе нов капитал отколку што би се очекувало за нашата економска тежина. Дека остварените резултати во делот на странските инвестиции се над нашата категорија. Тоа е порака до инвеститорите и граѓаните. Тука вреди да се инвестира, да се гради, да се остане, изјави Муцунски.

Како пример за ваквата динамика, Муцунски ги посочи енергетските проекти и големиот број нови инвестиции реализирани во ТИРЗ зоните во изминатат година.

-Тоа е јасен сигнал дека енергетската транзиција и индустрискиот раст се во фаза на реализација не само план или парола, рече Муцунски.

Граѓаните не очекуваат аплауз за статистика, нагласи Муцунски, туку чесна држава и јасни правила, подобро платени работни места и пониски трошоци, брзи дигитални услуги, континуитет во подобрувањето…

-Затоа денеска уште повеќе го забрзуваме чекорот. Поедноставуваме постапки, кратиме рокови и ги поврзуваме домашните компании со странските инвеститори, вложуваме во вештини за младите и најважно, создаваме систем во кој никој не е над законот, зошто довербата е најсилната валута за раст, порача Муцунски.

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димоски, на заедничката прес-конференција во Владата со министерот Тимчо Муцунски, рече дека денешниот успех претставува признание за нашата стратегија, пристап и политики кои ги спроведуваме во привлекувањето на странските инвестиции.

-Од самиот почеток на мандатот на оваа Влада поставивме јасна цел, која ќе донесе резултати со долгорочно позитивно влијание врз економијата. Како клучни приоритети ги поставивме економскиот раст, креирањето нови работни места и привлекување нови инвестиции кои ќе донесат високо додадена вредност во македонската економија. По само една година посветена напорна работа сведоци сме дека Македонија е рангирана на шест место во светот и лидер во регионот Адриа, однонос Македонија е пример за земја од Западен Балкан која ги надминува своите можности кога станува збор за привлекување странски инвестиции, потенцира Димоски.

Најнови вести од: Македонија

Пратениците ќе треба пешки да дојдат на работа в Собрание – сите влезови ќе се блокирани

Преку блокада на Собранието утре работниците со уште една порака до пратениците – да го одблокираат законот за минимална плата кој стои заглавен повеќе до една година, а македонските семејства се повеќе тонат во сиромашттија.

„Одговорноста не застарува“, реагира на изјавата на Заев, Јане Ченто – осуден за „27 април“

Јане Ченто, осуден за настаните од 27 април, со остра реакција се осврна на денешната јавна изјава на Зоран Заев, оценувајќи дека таа претставува навреда за интелигенцијата на народот. Според Ченто, човекот кој, како што наведува, ја распарчил државата, денес зборува како да нема никаква одговорност за хаосот што го оставил зад себе.

Имал луксузно возило „Порше“ и без око да му трепне возел без дозвола

Како што соопшто МВР, ноќта кон неделата, околу 00:20 часот по полноќ на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода 27-годишниот Р.И. од село Требош кој управувал луксузно возило „Порше“ без возачка дозвола.

Минчев: Tехничка влада уште за следните парламентарни избори, па се укинува

Измените на Законот за Влада, со кои се предвидува укинување на техничката, односно т.н. пржинска влада, се наоѓаат во завршна фаза. Предлог-законот ќе биде доставен од Министерството за јавна администрација до Владата, по што ќе следи собраниска расправа, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев во гостување во ТВ Сител.

МО: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес! Да не се нарушува угледот на Армијата на Македонија!

Во врска со неодамнешниот случај на заболени професионални војници од заразната болест шуга (scabies), од Министерството за одбрана на Република Македонија информираат дека болеста не потекнува од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, како што тоа се пласира во јавноста. Министерството апелира да не се злоупотребува поединечен случај, за кој се наведува дека не е заразен во касарната, заради манипулирање на јавноста, со што се нанесува и директна штета на угледот на Армијата на Република Македонија.

Ѓорѓиевски: Булеварот „Македонија“ ќе ја отвори вратата кон нашето современо и безбедно Скопје! (Видео)

„Засилено и со јасна визија се работи на првата фаза од булевар „Македонија“, проект што го менува ликот на градот и ја отвора вратата кон современо и функционално Скопје!“ – порача преку својот официјален фејсбук-профил градоначалникот на македонската метропола Орце Ѓорѓиевски.

Доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, оти ја убил мајка си со нож во август 2025

На познатиот штипски угостител Стојанче Зарков, во јавноста познат како „Грофот“, денеска му е изречена казна доживотен затвор за кривичното дело „убиство“ на неговата 84-годишна мајка, Марија Заркова. Пресудата ја донесе кривичниот судски совет, со кој претседаваше судијата Сашко Георгиев, во Основниот суд во Штип.

Манасиевски: Милион евра од државата само за 2 месеци потрошиле СЈО, Заев и Шеќеринска, специјални гости кај Јанева!

„Сведоштвата на поранешната обвинителка во СЈО Лејла Кадриу, ги потврдува сомнежите и тезите на ВМРО-ДПМНЕ кој уште пред приближно 10-тина години, говореше за партизација на СЈО предводено од Катица Јанева, од страна на СДС, Зоран Заев и неговите пајташи. СЈО со Катица Јанева работело по насока на СДС, Заев и неговите партнери како Венко Филипче, Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска. Ним правдата не им била цел, туку профитот, политичкиот прогон и контролата врз државните институции, како и правосудството во Македонија.  ВМРО-ДПМНЕ става крај на ваквата пракса на партизација на судиите и обвинителите. Утре продолжуваме со споделување на нови сведоштва за работата на одредени обвинители и СЈО како целина.“ – нагласи Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Најнови вести

To top