Македонија

Муцунски: Стоиме со САД и народот на Венецуела во борбата за слобода

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Тимчо Муцунски, преку своите профили на социјалните мрежи ја поздрави објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е уапсен и дека ќе се соочи со правдата.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Тимчо Муцунски, преку своите профили на социјалните мрежи ја поздрави објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е уапсен и дека ќе се соочи со правдата.

Муцунски упати пофалби и до американскиот државен секретар Марко Рубио за неговото лидерство во справувањето со нарко-криминалните мрежи поврзани со режимот на Мадуро.

„Одговорноста е важна. Стоиме со Соединетите Американски Држави и со народот на Венецуела во борбата за слобода и демократија“, порача Муцунски.

Оваа реакција доаѓа по серијата настани во Венецуела на 3 јануари 2026 година, кога американските сили спроведоа воена операција, по што Трамп објави дека Мадуро и неговата сопруга се заробени и пренесени надвор од земјата. Муцунски со својата порака ја потврди поддршката на Македонија за американските напори во промовирањето на демократијата и борбата против криминалот во регионот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top