Македонија

Муцунски за Atlantic Council: Одлуките од Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации

Одлуките донесени на Самитот на НАТО во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации, оценува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за американскиот тинк-тенк „Atlantic Council“. -Јас лично го нарекувам генерациски самит. Мислам дека одлуките што ги донесовме ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации. Мислам дека […]

Одлуките донесени на Самитот на НАТО во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации, оценува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за американскиот тинк-тенк „Atlantic Council“.

-Јас лично го нарекувам генерациски самит. Мислам дека одлуките што ги донесовме ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации. Мислам дека беше клучно да се донесе одлука, особено за идните инвестиции потребни за членките и Алијансата, вели Муцунски.

Во интервјуто, шефот на македонската дипломатија говори и за улогата на САД во донесувањето на овие одлуки.

– Сакам да нагласам дека без водството на администрацијата на Трамп и САД, никогаш не би ги донеле овие тешки одлуки. Значи, заслугата треба да оди таму каде што припаѓа. Но и одлично водство меѓу сојузниците, отвореност за дискусија и дебата и фокус на тоа дека вложувањето во одбрана не е само за тврда одбрана, туку и за инвестиции во индустриската база, инфраструктурата, сајбер-отпорноста и слично. Затоа, повторно би го нарекол генерациски самит. Минатите беа историски, но одлуките овде се многу повеќе од историја. Станува збор за нашата иднина. Генерациски самит. Тоа е навистина моќно, вели Муцунски.

Во интервјуто, како што денеска соопшти ресорното Министерство, Муцунски зборувал и за нашиот придонес како земја членка на НАТО.

– Ние сме една од поновите членки на НАТО, но ние сме нација која сериозно го сфаќа членството во НАТО. И веќе планираме како да го достигнеме прагот од 5%. Покрај инвестирањето во армијата, за НАТО мисиите сме присутни од Балканот до Балтикот, со нашите храбри војници кои ја претставуваат нашата горда нација и придонесуваат за колективната безбедност. Американците треба да знаат дека македонските сојузници се со нив. Рамо до рамо – од Балканот до Балтикот. Тоа е добар начин да се каже, нагласува Муцунски.

„Atlantic Council“ е американски тинк-тенк во областа на меѓународните односи, кој застапува атлантистички пристап и е основан во 1961 година. Управува со шеснаесет регионални центри и програмски единици кои се фокусираат на меѓународната безбедност и глобалниот економски просперитет.

Најнови вести од: Македонија

Израелската амбасадорка Аисен ги поздрави акциите на македонските власти за истрага на обидот за опожарувањето на зградата на Еврејската заедница

Аисен, на Х ја респодели пораката на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со која тој го осудува обидот за опожарување

(Фото): CNN ја стави Македонија на туристичката мапа како атракција

Оценките на CNN доаѓаат во време кога туристите сè повеќе бараат автентични искуства надвор од стандардните европски рути, што дополнително ја позиционира Македонија како дестинација со голем потенцијал.

Б.М.(37) и Ќ.С.(30) од село Корешница, Демиркаписко, киднапирале 21-годишник од Неготино под закани со пиштол и остар предмет – Полицијата ги уапси!

– Вчера во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале, соопштија од полицијата.

За 24 часа шестмина уапсени поради семејни насилства врз сопруги: кршеле покуќнина, деца со расеченици во обид да го спречат татка си во нападите со остри предмети!

Шест лица се лишени од слобода поради семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

To top