Македонија

Муцунски: Деблокирање на европскиот пат на Македонија, но не по секоја цена

Разликата помеѓу оваа Влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура

Ова го вели министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во интервју за МИА,  кој открива дека се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на европскиот пат на Македонија, но вели дека не смее да ја открие нивната содржина зашто така ќе бидат осудени на неуспех.

Потенцира, дека разликата помеѓу оваа Влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура.

„Ние често зборуваме за тоа дека има разговори. Ние не смееме да ги споделуваме деталите од тие разговори, бидејќи ако почнеме со јавноста да ги споделуваме, тогаш ги осудуваме на неуспех. Но, граѓаните треба да бидат спокојни дека нашата Влада јасно знае како го има добиено својот легитимитет, јасно го следи ставот на граѓаните во однос на ова прашање и има јасно нацртани црвени линии и позиции и прашања за кои што не е подготвена да преговара. Така што работиме на решение, но ќе повторам, не решение по секоја цена и не решение кое само по себе нема да биде одржливо и кое ќе создава ризици повторно да бидеме во оваа ситуација во која што се наоѓаме сега“, вели министерот.

Тој смета дека е потребен политички консензус за ова прашање, критикувајќи ја опозицијата за, како што вели, грешките во минатото и „немањето капацитет да ги согледаат последиците од одлуките во 2021 и 2022 година“.

„Пред речиси точно пет години, на 29 јули 2021 ние во Собранието постигнавме политички консензус со резолуција поврзана со држaвните позиции поврзани со националниот интерес. Тука мислевме на идентитетски, историски и други прашања. Речиси со консензус ја изгласавме таа резолуција, но тогашната влада на ДУИ и на СДСМ во рок од неколку месеци потоа го погази тој консензус.

Инаку, ако ме прашувате дали ни е потребен консензус, без никаква дилема. Но, тука прво опозицијата мора да почне да живее во рамките на реалноста, а реалноста е дека нејзината попусливост и немањето капацитет далекусежно да се гледаат последиците од тоа што се случуваше во 2021 и 2022 година не доведе до оваа позиција до којашто сме сега. Имаат легитимно право, па јас би рекол скоро за се да дадат и критика и став. Тоа е и функцијата на опозиција во една парламентарна демократија, нели, да дава критика, да дава инпут“, вели Муцунски.

За обвинувањата од опозицијата дека Македонија, наводно, назадува на европскиот пат, Муцунски го дели прашањето во два аспекти. Едниот, вели тој, е дека државата напредува во делот на реформите, а вториот дел е дека предизвикот со Бугарија, којшто е вештачки предизвикан, останува.

-Дали државата назадува по европскиот пат? Легитимно е прашањето да го поделите на два дела. Прво е делот на тоа што правиме од стратешка природа во делот на внатрешните реформи. И евроамбасадорот кажа. Но ете, да не го парафразирам, најдобро е тие да ви дадат инпут, јас ќе ви кажам, ќе се види и последниот извештај што доаѓа на Европската комисија дека државата напредува во делот на реформите. ЕУ нагласува дека како држава ја пофалува нашата стратешка определба – ние сме земја со целосно усогласена заедничка надворешна и безбедносна политика, земја која што прва во регионот потпиша партнерство за одбрана и безбедност со ЕУ и земја која што знае каде ја води својата надворешна политика. Но, точно е, ни останува предизвикот со Бугарија. Вештачки создаден предизвик, меѓу другото, создаден заради тоа што две политички партии, да се одржат на власт, попуштија сè што се бараше од нив и тоа работиме да го решиме. Во меѓувреме, дури и да се реши ова прашање, ќе бидеме најдобриот возножен кандидат и сме на вистинскиот пат во таа смисла, додава Муцунски во интервјуто за МИА.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти.

Придонесот на народниот херој Стив Наумов за Македонија, кој се самоуби, за да не им падне жив во раце на бугарските фашистички окупатори

Стефан Наумов-Стив (Битола, 27 октомври 1920 — Болно, 12 септември 1942 ) — е македонски комунист, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија и Македонија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу). Денешната 106-та годишнина од неговото раѓање е повод за ново навраќање кон животот и револуционерната борба на овој Македонец, кој го положи својот млад и неодживеан живот во темелите на денешната македонска држава и слобода.

Стојаноски: Закон да се претворат во редовен работен однос на неопределено време договорите на луѓето, кои работат чесно со години

Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ го претстави Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос.

Најнови вести

To top