Македонија

Муцунски: Македонија нема да преговара со Бугарија за националниот идентитет, историјата и јазикот! – Тоа се нашите „црвени линии“!

„Македонија има црвени линии и нема да преговара за прашања, поврзани со националниот идентитет, историја и јазик!“ – изјави шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во интервју за „Еуроњуз“. Тој истакна дека историските расправи треба да им се остават на академиците, а политичарите да се насочат кон иднината и кон европската интеграција.

– Ние имаме црвени линии. Не веруваме дека ова е наратив, кој треба да трае во Европа во 21. век – вели Муцунски, истакнувајќи дека Софија претставува свој наратив во процесот.

Министерот истакнува дека на политичарите и лидерите е да бидат ориентирани кон иднината, додека за историјата дебатираат историчарите и академиците, но со објективни факти. – Мислам и се надевам дека Бугарија ќе ги препознае можностите што постојат, дека ќе отвори дијалог со нас. Прво, како што реков, ќе продолжиме да правиме сè на нашиот европски пат за да бидеме најдобриот можен кандидат – дециден е Муцунски.

Во интервјуто министерот Муцунски нагласи дека Maкедонија не ја гради својата проевропска ориентација само преку политичка реторика, туку преку конкретни политики и вредности што се спроведуваат во општеството.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top