Македонија

Муцунски: Ми олесна што претседателот Доналд Трамп, првата дама и останатите присутни се безбедни

За насилството нема место во демократските општества, без разлика дали е насочено кон избрани лидери, јавни службеници, новинари или граѓани.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска изрази длабока загриженост по синоќешниот вооружен инцидент што се случи за време на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во Вашингтон.

Во објава на мрежата „Х“ истакна дека за насилството нема место во демократските општества, без разлика дали е насочено кон избрани лидери, јавни службеници, новинари или граѓани.

Муцунски порача дека Македонија стои заедно со Соединетите Американски Држави во заштита на демократијата, јавната безбедност и принципите на кои се темелат слободните општества.

Најнови вести од: Македонија

Глобален дефект во Мета ги собори Фејсбук и Инстаграм, во Македонија не може да се користи десктоп верзијата

Им се порачува на корисниците да не ја бришат мобилната апликација и да не го притискаат копчето за најава постојано за да не бидат блокирани под сомнеж за спам. Инженерите на Мета веќе работат на дефектот, а постепено нормализирање на мрежите се очекува во текот на денот.

Хаос на границата со Грција: Седум ленти преполни, возачи велат дека со часови чекаат, застој во меѓуграничниот простор

Километарски колони од возила се создадени утрово на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, каде што сите седум коловозни ленти се исполнети со автомобили кои чекаат за излез од државата.

ИЈЗ: Водата во Гостивар не е за никаква употреба

До официјално укинување на забраната, водата од градскиот водовод не треба да се користи за пиење, ниту по превривање, освен ако надлежните институции не дадат поинаква препорака. АХВ издаде забрана за употреба на водата од гостиварскиот водовод поради сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба.

To top