Македонија

Муцунски: Решение со Бугарија преку дијалог, но без отстапки

Не смееме да дозволиме да продолжиме да бидеме заложници на билатерални процеси, тоа не е фер кон оваа држава, тоа нашите граѓани и нашите институции не го заслужуваат, вели министерот

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вели дека е неопходно е да се пронајде решение за предизвикот во односите со Бугарија преку активен дијалог, но без отстапување од принципиелните позиции на државата.

Не смееме да дозволиме да продолжиме да бидеме заложници на билатерални процеси, тоа не е фер кон оваа држава, тоа нашите граѓани и нашите институции не го заслужуваат и затоа, треба да се најде некое рационално решение кое нам како држава и на нашиот народ ќе ни даде предвидливост по европскиот пат кој без никаква дилема огромно мнозинство во земјава го посакува, нагласи Муцунски.

Актуелните изборни активности во Бугарија бараат внимателен пристап во комуникацијата, изјави синоќа по средбата со хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, министерот Муцунски.

Тој информираше дека дека веќе остварил контакт со новата бугарска министерка за надворешни работи со технички мандат и очекува наскоро да се реализира и средба.

„Нашата држава мора да продолжи во рамки на стратешката определба што постои. Ние сме земја членка на НАТО, земја што мора да ја оствари својата цел, а тоа е полноправно членство во Европската Унија и земја што има стратешко партнерство со САД. По однос на прашањето за Европската Унија, ние го немаме тој луксуз да кажеме – престануваме во било кој момент.

Напротив, мораме прво фокусирано да работиме на домашната агенда, каде што морам да истакнам дека споредбено со најголем дел од земјите во регионот, си ја завршуваме својата работа, но имаме уште предизвици пред нас, без никаква дилема. И испорачуваме резултати. И посебно е тоа видливо по однос на резултатите од реформската агенда во последните неколку месеци.

И мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија. Е сега, тоа и мораме и можеме да го гледаме низ два аспекта. Прво, ние имаме принципиелни позиции што сме ги претставиле и пред земјите членки и пред соседна Бугарија. Но, мораме да имаме активен дијалог со нашиот сосед, да зборуваме за она што нè загрижува и да зборуваме каков е патот кон решение. Пред неколку дена, видовте, имаше соопштение од нашите институции, се слушнав со новата министерка за надворешни работи, која има технички мандат, но сепак е министер за надворешни работи.

Очекувам во следниот период да дискутираме, при прва можност да оствариме една средба, да дискутираме што е она што можеме да го направиме во следниот период во рамките на техничкиот мандат. И паралелно да бидеме максимално внимателни. Како што напомена Гордан, во Бугарија во моментот течат изборни дејствија. И сè што ние ќе кажеме, може многу лесно да стане дел од изборниот наратив во Бугарија. И сето тоа на крајот, да ги влоши нашите позиции при евентуални разговори со нашиот сосед“ – рече Муцунски на заедничката прес-конференција со Радман.

Осврнувајќи се на билатералните односи со Хрватска, Муцунски ја повтори оценката дека двете држави имаат одлична соработка и пријателски односи во сите области, без отворени прашања.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top