Македонија

Муцунски: Заложник сме на некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат! Оваа влада не подготвена да преговара за историја, идентитет и јазик!

„Ние сме заложник на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат. Никој нема интерес од ова што се случува во моментот. Губат двете држави економски, политички, губат и граѓаните, народите на двете држави, кога се создава ваков тип на недоверба“ – истакна денеска во Софија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој претпладнево учествуваше на министерскиот состанок на Партнерството за соработка во Југоисточна Европа, а попладнево е дел од македонската делегација на Самитот на шефови на држави и влади која ја предводи претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

 


Најлесниот начин како можеме да се движиме напред и да ги решаваме нашите меѓусебни прашања е ако Бугарија ги отвори вратите и дозволи да ги отпочнеме преговорите и да знаеме дека сите предизвици може да се решат, но да бидат принципиелни предизвици. Но за прашања поврзани со историја, идентитет и јазик, оваа Влада не е подготвена да преговара.“ – рече Муцунски.


Шефот на македонската дипломатија попладнево ќе ја придружува претседателката Сиљановска – Давкова на средбата со бугарската претседателка Илијана Јотова.

– Сè повеќе е потребен дух на доверба, затоа што во моментот треба да бидеме искрени и меѓу себе, но постои висок степен на недоверба од двете страни. Таа почнува со хистерија од минатото, насочена кон создавање негативен поглед, поврзан со нашата држава, кој се прелева и во внатрешната атмосфера кај нас – рече Муцунски.


Нашите позиции, вели тој, не се променети, но сакаме да градиме дух на позитивна атмосфера. Токму тоа тој утрово го кажал и пред бугарските новинари. – Реков многу е лесно да бараме причини коишто не делат, но дајте наместо да се насочиме на минатото, на прашања кои не се важни за европскиот процес, прашања поврзани со идентитет, историја, со јазик – тие се автохтони прашања на една земја и не треба да бидат дел од европскиот процес – да се насочиме на тоа што е важно и значајно за нашите две држави, а тоа е заедничката иднина во Европската Унија. Тоа е пораката којашто ја праќаме од Софија – истакна Муцунски.


Во обраќањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ПСЈИЕ во рамки на бугарското претседавање рече дека проширувањето веќе не е само технички пристапен процес, туку стратегиска инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа.

Интеграцијата би била доверлива, според него, кога би се почитувале сите оние резултати и реформи коишто се направени, а не отстапките.


– Дефинитивно и тоа е нашата јасна позиција. Особено по самитот во Тиват постои огромен прозорец којшто се отвора од страна на Европската Унија насочена кон Западниот Балкан. Но, тој прозорец во преден план треба да ги стави земјите, коишто ги исполнуваат реформите поврзани со европските критериуми, но и земјите коишто имаат целосна усогласена заедничка надворешна и безбедносна политика со Европската Унија – изјави тој.

Од таа гледна точка, вели Муцунски, ние сме модел земја и нашата држава е држава којашто спроведува европски реформи на дело и којашто во делот на надворешната и безбедносната политика е предвидлив и доверлив партнер.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top