Тема: евроинтеграција на Македонија

Пленковиќ: Спорот со Бугарија е главна пречка во евроинтегрирањето на Македонија! Хрватска ќе помогне да се надмине!

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ оцени дека Македонија бележи напредок во исполнувањето на критериумите за членство во Европската Унија, но нагласи дека спорот со Бугарија и натаму останува главна пречка во евроинтегративниот процес. На заедничката прес-конференција во Охрид со премиерот Христијан Мицкоски Пленковиќ изјави дека по изборите во Бугарија се очекуваат првите конкретни чекори и контакти меѓу Скопје и Софија. 

Попов: Македонскиот јазик не е „вештачка конструкција“ и борбата за него не е завршена! Стратегиските партнери треба да помогнат за спорот со Бугарија!

–Официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е никаква „вештачка конструкција“, туку логичен тек на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на цела територија. Тој има долга историја и особен влог во рамките на групата на словенски јазици и светското јазично семејство. Но борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена. Таа мора да трае и да продолжи пред меѓународните институции за човекови права бидејќи неговата официјална употреба од страна на деловите на македонскиот народ во соседните земји е оневозможена со преземените обврски со потпишаните меѓународни договори. “ – нагласи Живко Попов, претседателот на Македонската академија на науки уметности, денес во своето годишно обраќање. .

Вајц: Билатералните прашања треба да ги решаваат самите земји билатерално –  Ова е година на спроведување уставни измени и реформи

„Билатералните прашања треба да ги решаваат самите земји билатерално. Тие не треба да играат улога во идните преговори со ЕУ. Сите ние, а јас сум австриски државјанин, имавме многу билатерални прашања кои требаше да ги решиме во последните 70-80 години. Потребно е време, исто така и за историјата е потребно време и ние не треба да поврзуваме никакви политички одлуки со овие прашања.“ – изјави известувачот на Европскиот парламент за Македонија Томас Вајц во интервју за „360 степени“ по претставувањето на нацрт-извештајот за Македонија во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ)  на Европскиот парламент вчера.

To top