Министерството за внатрешни работи денеска спроведе акциска контрола на територијата на Македонија, насочена кон санкционирање на возачи кои не пропуштаат возила со првенство на минување.
Контролата се реализирала во периодот од 7:00 до 12:00 часот, при што биле изречени вкупно 43 санкции за овој вид сообраќаен прекршок.
Од МВР информираат дека за време на акцијата биле санкционирани и уште 123 други сообраќајни прекршоци.
Министерството најавува дека ќе продолжи со засилените сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, а до сите учесници упати апел доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.