Македонија

МВР: Во дворот на синагогата пронајдени канистер и траги од горење

Додека полицијата работи на расчистување на случајот, Заедницата повика на јасна осуда и одговорност

Министерството за внатрешни работи даде детали за обидот за опожарувањена објектот на Еврејската заедница и на синагогата во Скопје. Од СВР Скопје за МИА изјавил дека во двор на верски објект биле забележани канистар за гориво и траги од горење.

„Веднаш по добиената пријава од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, дополнуваат од МВР.

Еврејската заедница во Македонија го осуди овој чин и апелира до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани.

„На 12 април, првпат во поновата историја беше извршен обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата. Овој чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар вз темелните вредности на цивилизираното опоштество – соживотот, достоинството и заемната почит. Еврјеската заедница како најмалубројна, но историски длабоко вкоренета заедница на овие простори уште од времето на Антиката отсекогаш го градела својот опстанок и придонес врз принципите на мир, солидарност и заедништво. Ние сме живееле посебно во нашите верски традиции, но заедно во секојдневието – рамо до рамо со сите наши сограѓани, споделувајќи ги и радостите и премрежјата на ова општество“, се вели во соопштението до медиумите потпишано од претседателот на Еврејската заедница во Македонија Пепо Леви.

Заедницата вели дека ваквите појави не се само погрешни, туку и длабоко неправедни, и тие го отвораат патот за оживување на антисемитизмот – појава која човештвото одамна требаше да ја остави зад себе.

Еврејската заедница повика на брзо расчистување на случајот и на јасна осуда на ваквите дејствија од институциите, граѓаните и од верските лидери.

Најнови вести од: Македонија

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top