Македонија

На 13 јули Собранието ќе одлучува за именувањето нови министри

 Пратениците ќе одлучуваат за разрешување на дел од актуелните министри и избор на нови членови на извршната власт на собраниска седница посветена на реконструкцијата на Владата

Пратениците ќе одлучуваат за разрешување на дел од актуелните министри и избор на нови членови на извршната власт на собраниска седница посветена на реконструкцијата на Владата

Предлогот за кадровските измени, потпишан од премиерот Христијан Мицкоски, беше доставен до законодавниот дом, по што претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја закажа седницата за понеделник со почеток во 11 часот.

Според предложените измени, Владата треба да добие осум нови министри.

За министер за правда е предложен Јетон Шасивари,

за односи меѓу заедниците Агрон Ферати,

а за култура и туризам Седат Сулејмани.

Борче Серафимовски е предложен за министер за земјоделство,

Сашо Клековски за здравство,

Ѓоко Велковски за социјална политика,

Ерџан Демир за министер без ресор задолжен за интеграција на Ромите,

Иван Стоилковиќ е предложен за министер за локална самоуправа.

Пред изборот на новите министри, Собранието треба да ги разреши актуелните носители на ресорите што се опфатени со реконструкцијата, како и двајца заменици-министри.

Премиерот Мицкоски претходно најави дека со оваа реконструкција ќе биде укинат ресорот за добро владеење, а неговите надлежности ќе преминат директно под Кабинетот на претседателот на Владата.

Тој исто така соопшти дека Демократската партија на Турците ќе стане дел од владината коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ќе добие министерско место без ресор.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top