Македонија

На Османи не му е по мерка Законот за правична застапеност

Вели дека предложениот закон е политички чин против Албанците во земјава

 

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, жестоко реагираше на предложениот закон за правична застапеност, оценувајќи го како сериозен политички чин против Албанците во земјава.

Османи во изјавата за јавноста нагласува дека, потпирајќи се на неговото политичко искуство и без никакви партиски калкулации, донесувањето на овој Закон претставува „предложениот закон за правична застапеност, оценувајќи го како сериозен политички чин против Албанците во земјава.“ на повеќегодишните напори на генерациите за обезбедување достоинствена положба на Албанците во државата.

„Од целото мое политичко искуство, и отстранувајќи секакви партиски калкулации, тоа го кажувам со целосна одговорност: донесувањето на таканаречениот закон за правична застапеност е предавство на високо ниво на секој генерациски напор за достоинствена положба на Албанците во оваа држава“, реагира Османи.

Најнови вести од: Македонија

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

To top