Регион

РТС: Група Албанци пукале врз српска воена патрола близу Косово

Во нападот било погодено куче во близина на патролата, а напаѓачите со шест џипа избегале кон Косово

Вооружена група Албанци денеска отворила оган врз припадници на Војската на Србија во реонот на базата „Дебела глава“ во Копнената зона за безбедност, објави Радиотелевизија на Србија (РТС), повикувајќи се на неофицијални информации.

Нападот се случил околу 15 часот во подножјето на ридот Шоп близу Косово, каде што Албанците испукале повеќе истрели врз српските војници, а притоа било погодено куче во непосредна близина на патролата.

Напаѓачите избегале со шест џипови кон Косово, наведува РТС.

Белградските медиуми пишуваат дека постојат индиции оти станува збор за ловџии Албанци од Косово кои нелегално ја преминуваат „административната линија“ и ловат на територијата на Бујановац.

Најнови вести од: Регион

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

To top