Македонија

На СДСМ не му е по ќеиф чистењето на Скопје

  „ Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот“, наведува СДСМ во соопштение по повод генералката што синоќа ја организираше Орце Ѓорѓиевски.. Синоќа скопјани видоа зошто било […]

 

„ Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот“, наведува СДСМ во соопштение по повод генералката што синоќа ја организираше Орце Ѓорѓиевски..

Синоќа скопјани видоа зошто било оставено ѓубрето, зошто ништо не се преземало со месеци, само за Орце Ѓорѓиевски да прави ПР трикови, циркус спектакли со дронови и камери.

Ова е срамен однос и потценување на сопствените граѓани.

Додека светот и регионот напредуваат со вештачка интелигенција, додека нашите соседи праќаат сателити во орбитата, ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски не доведоа на тоа дереџе, на намерни блокади за да се прави ПР.

Скопје и скојани не заслужуваат ваков потценувачки однос туку чист, модерен и организиран град, со систем кој функционира, а не трикови за ПР употреба“, велат од СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top