Македонија

Над 20 лица уапсени, меѓу нив и поранешни директори и високи функционери во здравството

Голема акција во Прилеп

Во координирана акција на Финансиската полиција и Основното јавно обвинителство Прилеп, утринава се уапсени повеќе од 20 лица, меѓу кои, има поранешни директори и лица на раководни позиции во прилепската болница, објавија повеќе медиуми.

Од Обвинителството за Скопје1 потврдуваат дека акцијата се спроведува по нивни наредби и насоки, и дека во моментов се преземаат истражни дејствија поврзани со злоупотреби во работењето на јавната здравствена установа во Прилеп.

По наредби и насоки на Основното јавно обвинителство Прилеп постапува Управата за финансиска полиција. Се преземаат дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата на прилепската болница. Дејствијата се преземаат во моментов, а повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден,“ велат од Обвинителството.

Според првични информации, предметот се однесува на финансиски малверзации, фиктивни набавки и злоупотреби со јавни пари, а истрагата се проширува и кон други институции кои имале договори со болницата.

Ова е една од најголемите акции во последните години во здравствениот сектор во Прилеп, а јавноста очекува Обвинителството утре да објави детали за уапсените и за можните кривични дела што им се ставаат на товар.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top