Македонија

Најмалку по 10 возачи се апсат поради безобзирно управување возило

МВР

Вчера лишени од слобода деветмина возачи поради безобѕирно управување со возило, санкционирани 540 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (21.09.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 772 издадени платни налози поголемиот дел од нив, односно 540  прекршоци се однесуваат на возачи кои што не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Според статистичкиот преглед од полициските активности, вчера беа евидентирани 41 прекршок за неправилно паркирање, 50 прекршоци се изречени за возачи што управувале возила без возачки доволи, како и 28 прекршоци за возачи кај кои е регистрирано присуство на алкохол над законски дозволеното ниво.

Од друга страна пак, исто така согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден санкционирани биле и 14 возачи на мотоцикли заради неносење заштитен шлем, потоа девет лица заради користење на мобилен телефон при возење, еден пешак и четворица возачи што минале на црвено светло, како и 16 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 13 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а две заради техничка неисправност.

Исто така вчера, а врз основа на членот 297-а од КЗ (“безобѕирно управување со возило“) лишени од слобода се деветмина возачи од кои што двајца заради прекумерно присуство на алкохол во крвта (над 1,5 промили) и седуммина заради управување со брзина поголема од дозволената.

Лишени од слобода шест возачи на патот Тетово- Гостивар поради пребрзо возење

На 21.09.2025 на патот Тетово- Гостивар полициските службеници од СВР Тетово лишија од слобода шест лица поради пребрзо возење на патот каде максимална дозволена брзина е 80 километри на час.
Во 15:25 часот кај клучка Камењане ја лишија од  слобода Е.А.(29) од Тетово, која управувала патничко возило ,,голф“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 158 километри на час, а во 16:40 часот го лишија од слобода С.М.(30) од Гостивар, кој управувал патничко возило ,,пасат“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 152 километри на час.

Исто така, во 14:25 часот кај наплатната станица Гостивар од слобода е лишен Н.Ј.(58) од с.Неготино, кој управувал патничко возило ,,ауди“ со гостиварски регистерски ознаки со брзина од 158 километри на час, во 14:30 часот од слобода е лишен Ќ.М.(66) од с.Дебреше кој управувал патничко возило ,,фолксваген кади“  со швајцарски национални ознаки со  брзина 167 километри на час, во 15:40 часот од слобода е лишен Н.Б.(30) од с.Синичане, тетовско, кој управувал патничко возило ,,мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 151 километри на час, а во 17:00 часот од слобода е лишен Г.Н.(50) од Битола, кој управувал патничко возило ,,пасат“ со битолски регистерски ознаки со брзина од 152 километри на час. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци согласно член 297-а од КЗ ,,безобѕирно управување со моторно возило“.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top