Македонија

Најтешката делница од автопатот Охрид-Кичево наскоро во употреба

Целиот автопат треба да биде ставен во функција во мај следната година, најави министерот за транспорт Николоски

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски најави дека наскоро ќе биде пуштена во употреба најтешката делница од 10 километри на автопатот Охрид – Кичево, а целиот автопат треба да биде ставен во функција во мај следната година.

„Очекувам во следните месеци да биде пуштена најтешката делница од 10 километри, каде што има галерии, мостови, вијадукти и каде што е тунелот кој ќе биде најдолг во државата. Едната цевка е долга 2 километри, а другата 2,1 км. Очекувам оваа делница да биде пуштена во следните месеци и со тоа постепено да се комплетира автопатот Охрид–Кичево“, изјави Николоски во „Вести плус“ на ТВ Канал 5.

 

Најнови вести од: Македонија

Јанкуловски: Македонија веќе не молчи пред понижувањата од Бугарија околу македонскиот идентитет и јазик, туку бара почит од неа и ЕУ!

„Понижувањето што го трпиме од соседна Бугарија не е само последица на конфликтот околу нашиот идентитет, јазик и култура. Тоа е тактика во дипломатијата. Но, соочени со очекувањето на нови понижувања и свесни дека тие ќе продолжат, новата власт во Македонија бара почит и достоинство во односите со другите држави, и, секако, со Европската Унија. И, замислете, Македонија веќе не молчи пред понижувањата.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Понижување и срам – време за достоинство“, која ја објави информативната агенција „Нетпрес“.

Панов: На оспорувањата на македонската историја не одговараме со зборови, туку со историски документи и проверливи факти

Институтот за национална историја денеска ги промовираше резултатите од проектот проектот „Извори за историјата на Македонија – тематска целина религија“. Оваа колективна монографија е замислена како долгорочен макропроект, структуриран во повеќе тематски целини, насочени кон прибирање и критично проучување на историската граѓа за Македонија, проширување на документарната основа и отворање нови истражувачки прашања. Ова го објави „МКД.мк.“

To top