Македонија

Наместо на Мечкин Камен, Африм Гаши, патува во Египет (ВИДЕО)

Поканет на конференција за борба против дискриминација кон исламот – на негово место во Крушево ќе се обрати потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски

Собранискиот спикер повторно нема да биде дел од илинденските чествувања. На централната манифестаија во Крушево ќе се обрати потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски наместо Гаши, дознава ТВ 24

Тој бил поканет на конференција во Египет за борба против дискриминација кон исламот и проценил дека тоа е побитно и за државата и за Собранието од обраќањето на Илинден во Крушево.

„ Нема никаква тенденција, таман работа. Ќе бидам на  службено патување“, изјави Гаши за ТВ 24.

Ова не е првпат собранискиот спикер да не се појави на Илинден , на едно од места на кое ротира со претседателката на државата и премиерот.

Гаши и лани беше отсутен од одбележувањето на Пелинци, тогаш причината беше здравствена, а во негово име се обрати потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска.

Од изборот за прв паралемнтарец во 2024 се има појавено само еднаш првата година во Скопје и тоа кога манифестацијата се одржа пред законодавниот дом.

Според годинешнава ротација, во Скопје на споменикот на Методија Андонов Ченто, делегацијата ќе ја предводи шефицата на државата Гордана Силјановска Давкова, додека пак премиерот Христијан Мицкоски ќе биде во Пелинце.

Првиот човек на СДСМ ќе се појави во Крушево, додека пак лидерот на  Али Ахмети традиционално ќе ги прескокне чествувањата на 2 август.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top