Македонија

Наскоро ќе се знае од кого ќе се набават 150 автобуси на струја

Обновената постапка следува по поништувањето на претходниот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење.

Најмалку за една недела ќе се знае колку компании доставиле понуди обновениот тендер за автобуси, вели министерот за транспорт и врски Александар Нниколоски. Тој информира дека понудите се во евалуација и очекува извештајот да го има за една недела.

  • Обновениот тендер заврши во понеделникот и сега е во процес на евалуација. Сè уште го немам добиено извештајот. Имајте предвид дека има евалуациска комисија составена од експерти од Министерството за транспорт, но и од Машинскиот факултет. Кога ќе го добијам извештајот, ќе го споделам со јавноста. Се надевам дека тоа ќе биде некаде за седум дена – рече Николоски.

Обновената постапка следува по поништувањето на претходниот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење. Од вкупниот број автобуси, 100 се предвидени за Скопје, а останатите 50 за други градови во земјава.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top