Македонија

Не е новина МАНУ и научни институции да се трујат по роднински, пријателски, швалерски и други основи – реакција од историчар

Срам за науката и една од неколку причини за тивкото умирање на научните и високообразовните институции

Не е новина моќното мнозинство да ги трујат научните институции како МАНУ со роднински, пријателски, швалерки и други основи, реагира историчарот Васко Гичевски за скандалот во Македонската академија каде беше исфрлен научник со светско реноме а во игра да остане професорка со десет пати полош научен скор.

Историчарот меѓу редови на Фејсбук вели дека однесувањето на Одделението за општествени науки при МАНУ во случајот со Драги Митревски е срам за науката и токму тоа ќе биде една од неколку причини за тивкото умирање на научните и високообразовните институции.

,,Ова не е некоја новина во МАНУ. Не сум бил дел од таа фела, но познавам премногу луѓе од академската елита, кои меѓу другото раскажуваа и вакви приказни, па дури и малку поморбидни. Тоа се едни подводни гребени, кои ќе се интересни во иднина, сега веројатно би биле само трач муабети.

Се радувам што некој реши да напише нешто на ачик, за ваквите нешта во највисоките кругови на нашата наука. Лично говорејќи јас никогаш не сум ги сметал за високи, круговите кои работат вака, а има едно убаво мнозинство кое ги отру научните институции со своите роднински, пријателски, швалерки и секакви други основи за стекнување и напредување во звање. Тоа е срам за науката и токму тоа ќе биде една од неколку причини за тивкото умирање на научните и високообразовните институции.

Јас можам да кажам дека ми е чест што го познавам Драги Митревски и дека неговото дело и труд и онака добија култен статус и трајна вредност во археологијата”, пишува Гичевски.

Повеќе детали за случајот во МАНУ кој е скандалозен по повеќе основи на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top