Македонија

Не е отпуштен ниеден наставник, иако во основното образование има 200 паралелки помалку, а во средното 100

Во моментот има околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Јаневска очекува годинава природно да бидат затворени 26 селски училишта, во кои нема упис на првачиња и во кои, како што рече „наводно учат“ од пет до осум деца. – Во моментот имаме околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование. Тоа се прави со цел да им се овозможи социјализација на учениците, подобар квалитет на образование на учениците, а не изолирано постоење во одредена селска средина, каде што владеат одредени принципи, па и одредени стереотипи, и каде што квалитетот на образованието не може да биде соодветен поради малиот број на ученици. Особено ако станува збор за комбинирани паралелки, каде што учат ученици од три различни одделенија, колку што е со закон дозволено – рече Јаневска.

Настава во вакви комбинирани паралелки ќе се спроведува само онаму каде што ќе бидат принудени, односно ако подрачното (селско) училиште се наоѓа на повеќе од 15-20 километри оддалеченост од првото најблиско централно училиште. – Тогаш ќе го спроведуваме ова, и тоа го прават и други земји, и е оправдано. Но, ако имаме централно училиште во кое има 200 деца, а на 2,5 километри имаме училиште во кое што има 18 деца, нема логика да ги чуваме овие 18 деца заробени во тоа училиште. Треба да ги придвижиме кон ова другото – посочи Јаневска.

Во овој момент не е отпуштен ниту еден наставник вработен на неопределено време, а во некои скопски општини, како што е Аеродром, има недоволен број наставници и таму очекува да има неколку вработувања.

– Во сите останати училишта надвор од Скопје кадарот е доволен. Затоа мерката е подолг престој на учениците во училиште – целодневна настава, каде што во една паралелка – да речеме од 20 деца, не мора да се 30, ќе работат две одделенски наставнички: едната во едната половина на денот, другата во другата половина од денот, со обврска да ги причуваат и да работат со децата, да учат со децата до 16 часот. За родителите да бидат слободни, за да не трпат децата влијание од баби и дедовци, кои сигурно им мислат најдобро на децата, но децата насекаде во светот сè порано почнуваат да одат во градинки и во училиште. Ние мора да го следиме тој тренд, инаку нашите возрасни потоа, студенти и луѓе кои влегуваат на пазарот на труд, нема да бидат конкурентни никаде освен во Македонија – додаде Јаневска.

За 2026/2027 се запишани околу 14.500 првачиња, но тоа не е дефинитивниот број затоа што до крајот на септември трае запишувањето на првачиња кои задоцниле на рокот за упис. Во врска со учебниците Јаневска рече дека учениците ќе имаат учебници, дека тие се дистрибуирани и се наоѓаат во училиштата. Таа очекува да има поплаки за оштетени учебници, но дека тие се намалени во изминатите три учебни години.

-Долго време беше отворен електронскиот систем, оти тоа е начинот да бидеме сигурни дека работата ќе биде завршена како што треба. Сите што побараа ќе добијат и добиваат тоа што побарале. Тие што не побарале е нивна одговорноста и Министерството во иднина нема да презема никаква туѓа одговорност затоа што три години спроведуваме систем кој е стабилен и кој обезбедува стабилна набавка на учебници – рече Јаневска, одговарајќи на новинарски прашања по промовирањето на порталот е-Наука.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски најави зголемување на пензиите: од септември редовно усогласување, се пресметува точниот износ

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот.

Владата донесе одлука за училишната кошничка: цените на училишниот прибор се намалуваат најмалку за 15 отсто!

Владата на Република Македонија денешната седница донесе одлука, со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.

Ангелов: Тешкиот пожар кај Градско ги загрозува селата Горно Чичево и Долно Чичево!

„Денес, на 25 август 2026 година пред 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево.“ – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, дополнувајќи дека поради неговото ширење натаму пренасочени биле и „воздушните трактори“ од Китка.

Мицкоски: Направивме многу отстапки за ЕУ, но нè предадоа и нè излажаа, а сега бараат заедно со Бугарија пак да го менуваме Уставот, што е смешно!

„Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто, што го направивме. Но, тие нè предадоа и нè излажаа!“ – истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју за американски „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News).

Најнови вести

To top