Македонија

Не го мачел, кучето го скинало „ланчето“ и скокнало низ прозор!?

Ова е објаснувањето на 23-годишникот кој влечеше куче со автомобил во Крива Паланка. Видеото на кое се гледа како врзаното куче трча зад автомобилот, ја вознемири јавноста. „Кучето беше ставено во бажаникот на колата. Го скокна седиштето и се скина ланчето на него. И рипна од прозорот, бев на кривината, не смеев да застанам. И […]

Ова е објаснувањето на 23-годишникот кој влечеше куче со автомобил во Крива Паланка.

Видеото на кое се гледа како врзаното куче трча зад автомобилот, ја вознемири јавноста.

„Кучето беше ставено во бажаникот на колата. Го скокна седиштето и се скина ланчето на него. И рипна од прозорот, бев на кривината, не смеев да застанам. И затоа ја намалив брзината, за да ме видат и заобиколат сите, излегов на пошироко за прегледност, го земав кучето го подигнав и застанав на страна“, објаснува тој за здружението „Happy Paws“, пренесува Скопје 1.

Вели дека немал намера да го повреди ниту мачи, туку кучето кое сакал да го однесе до викендица само скокнало од прозорец на автомобилот.

Но нема објаснување како кучето и го скинало „ланчето“ и како и понатаму врзано било приморано да трча зад автомобилот.

„На секој може да му се случи, куче како куче“, вели тој во јавното извинување за случајот.

 

 

Врзал куче и го влечел со автомобил (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top