Македонија

Не поминаа измените на Изборниот законик

Собранието не го донесе законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Предлог измените и дополнувањата добија поддршка од мнозинството пратеници, односно од 67, но бидејќи  станува збор за закон кој се однесува на локалните избори, потребно беше да се гласа и по Бадентер. За предложените измени и дополнувања 18 од пратениците од помалите етнички […]

Собранието не го донесе законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.

Предлог измените и дополнувањата добија поддршка од мнозинството пратеници, односно од 67, но бидејќи  станува збор за закон кој се однесува на локалните избори, потребно беше да се гласа и по Бадентер. За предложените измени и дополнувања 18 од пратениците од помалите етнички заедници беа против, а 11 гласаа „за“.  Целта на измените беше да се регулира бројот на потписи што треба да ги соберат независните кандидати за да може да учествуваат на избори. 

Претходно, беше усвоен амандманот од Левица – кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, да биде потребно да се соберат најмалку 0,5 проценти потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ), а предложеното решение предвидуваше собирање потписи 0,95 проценти од запишаните избирачи.

Најнови вести од: Македонија

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top