Македонија

Не сака да се меша во српските внатрешни работи и го обвини Вучиќ дека е крадец, диктатор и криминалец

Дали Филипче се води од народната изрека: Едно збори, друго прави трето мисли

Претседателот на СДСМ Венко Филипче директно се вмеша во внатрешните работи на Србија пред утрешните парламентарни избори.

Иако во објавата тврди дека сака двете држави да имаат најдобри можни односи, без мешање во внатрешните работи тој сепак директно се вмеша во српските внатрешни работи и го обвини Вучиќ дека е крадец на избори, диктатор и криминалец.

,,Србија утре гласа за ослободување од криминална власт. По речиси две години непрекинати мирни и демократски протести, студентите успеаа да дојдат до шанса за промена на системот. Вучиќ планира да ги украде изборите. Големи нерегуларности со избирачките списоци, издадените лични карти на странски државјани, голем притисок врз луѓето вработени во државниот сектор, контролирано и платено гласање, и апсолутна контрола на сите медиуми. На Македонија ѝ е позната оваа слика уште од времето на Груевски, а денес сме сведоци на повторно враќање во тоа време.
Никој повеќе не сака диктатори и криминалци што ги држат државите како заробеници, а граѓаните како заложници.
Орбан падна. Сега е редот на Вучиќ. Сите знаеме кој е следен, кој е дел од таа организирана криминална група.
Како професор, стојам со цело срце покрај младоста, а на нашите соседи им посакувам среќа утре. Сакам Србија и Македонија да имаат најдобри можни односи, без мешање во внатрешните работи на државата како што имаме сега со потчинетиот однос на Мицкоски кон Вучиќ. Студентите победуваат”, објави Филипче на социјалната мрежа Х порано Твитер.

Преходно неделава во интервју за Алсат М излажа за неговиот личен возен парк

(ВИДЕО) Зошто Филипче јавно излажа за својот недвижен имот

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top