Македонија

„Не“ за европски арбитри да го сечат со „бугарски секири“ македонскиот „идентитетски јазол“

Идентитетот, јазикот, културата и историјата на македонскиот народ не може да се „распостилаат“ како крпи на нечија „европска маса“, па да се „арбитрира“ за нив и да се донесува „решение“ според „бугарски терк“: „њама Македонци“, „њама македонски език“.

Пишува: Свето Тоевски

Апсолутно е недозволиво и неприфатливо македонски внатрешни прашања, а камоли прашања за македонскиот идентитет, јазик и историја, да бидат предмет на меѓународна арбитража, да се разгледуваат во некакво посебно тело за арбитража на Европската Унија. За својот идентитет, јазик, култура и историја одлучува самиот македонски народ и никој друг надвор од Македонија.

Македонија нема никаков свој спор со Бугарија, туку Бугарија си има спор самата со себе околу постоењето на македонската засебност и сама нека си ја решава својата „македонска мака“

Германија ја истакна својата иницијатива преку некаков механизам за арбитража во посебно тело на ЕУ да се решаваат споровите за кои постојат индиции дека се билатерални и оти не се во согласност со Копенхашките критериуми. Демек да се оценело дали условите во спорот излегуваат од Копенхашките критериуми. Спорот меѓу Македонија и Бугарија всушност е спор што си го има Бугарија самата со себе во врска со постоењето засебен македонски народ со автентична македонска историја, кој не е во ниеден елемент бугарски, со постоењето засебен македонски јазик и засебен македонски идентитет, кои немаат никакви „бугарски корени“. Оттука, Софија самата со себе нека си го решава тој свој спор, таа своја „македонска мака“, нема што Македонија да бара европска арбитража во овој поглед.

Никој нема право да отстапи ниту за еден милиметар од кристално јасните ставови содржани во Резолуцијата за македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, донесена во Собранието на Република Македонија на 29 јули 2021 година, кои во најдиректна смисла исклучуваат и помисла, а камоли прифаќање арбитражно тело на Европската Унија за решавање прашања и „добрососедски спорови“, што би подразбирало нови идентитетски отстапки од Македонија и македонскиот народ. Впрочем, за потсетување, Македонија уште при распаѓањето на поранешна СФРЈ ја мина арбитражата на ЕУ, во која само Словенија и ние ги задоволивме критериумите на ЕУ. И сега повторно Брисел ќе си игра „арбитража“ со нас?! Одговорот на ова мора да биде: „не“. 

А за да нема никој никакви дилеми како треба да постапува кога ќе се соочи со германски и други иницијативи за европски арбитрирања околу македонскиот идентитетско-јазичен и историски комплекс на прашања, треба да се потсетиме уште еднаш и на таа исклучително важна македонска државна резолуција: (1) Преговорите да се водат врз рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната, или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ; (2) Да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет; (3) Да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според кои: – македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и свој временски континуитет, – македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и од наративот за припадноста на одреден географски и историски простор.“

„(4). Евроинтеграцијата на Република Македонија треба да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите; (5) Да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни конвенции и декларации на Организацијата на Обединетите Нации (ООН) за правото на самоопределување и за човековите права и слободи; (6) Да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност; (7) Собранието ја обврзува и ја насочува Владата, но и сите надлежни органи, задолжени за надворешната политика и евроинтеграциите, да постапат во рамките на позициите утврдени со оваа Резолуција“.

Нема никаква потреба да прифаќаме Брисел политички да „суди“ за македонскиот идентитет и јазик, ова е исклучено со државната резолуција од 2021 година

Значи, што ќе ни се потребни нам „европски арбитри“ да ни „помагаат“ во спорот со Бугарите, кога овие ќе кажат во замисленото „арбитражно тело“ на ЕУ по милионити пат дека „не постоиме“? Нема никаква потреба да прифаќаме Брисел политички да „суди“ за македонскиот идентитет и јазик, а овие прашања треба да му се предочат и да му се разјаснат со прецизната и кристално јасна македонска државна парламентарна резолуција за континуитетот на македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности, за етничката и духовна посебност на македонскиот народ, за неговата автохтоност и историскиот, јазичен, културен и религиски континуитет.

Идентитетот, јазикот, културата и историјата на еден народ, во случајов на македонскиот народ, не може да се „распостилаат“ како крпи на нечија „европска маса“, па да се расправа за нив и да се донесува „решение“. Значи, зошто да се арбитрира за прашање што воопшто не е за арбитрирање? Зошто да се прифаќа чија било иницијатива и помош заради одредување „реално решение во спорот Бугарија-Македонија“, кое би било во спротивност со сите меѓународни норми, принципи и конвенции за неприкосновеноста на идентитетот на македонскиот народ? Со почит кон Германија и за нејзината добра волја но сепак – не. Можното европско арбитражно тело би донело исклучиво политичко решение, а не решение, што ќе се засновува врз меѓународното право.

Со највисок степен на сигурност би можело да се претпостави дека таквото „европски изарбитрирано решение“ не би било ниту објективно ниту правично за Македонија. Тоа би претставувало само одмагање, а не помагање за Македонија. Чуму Македонија да прифаќа да биде доведена во ситуација да ги „потроши“ механизмите на меѓународното право, кои, искористени на вистински начин, суштински би ја подобриле нејзината позиција во однос на Бугарија и Брисел, наместо да биде присилена за нови идентитетски отстапки? За својот идентитет, јазик, култура и историја одлучува самиот македонски народ и никој друг надвор од Македонија.

Македонците се веќе „изгорени“ од „европските арбитражи“ од 1913, 1993 и 2025 година, чуму да прифаќаат сега и некоја нова „европска Алјаска“ за македонското прашање?

Македонците веќе имаат катастрофални искуства и последици кога на Лондонската конференција на 30 мај 1913 година со тогашната „територијална европска арбитража“, запечатена со „Букурешкиот договор“: се распарчи и се разграби дотогашната интегрална македонска етнојазична територија. Живото тело на македонскиот народ се распарчи на повеќе делови и тој стана асимилирано и геноцидно истребувано национално малцинство на сопствените прадедовски етнички простори, денес во соседните држави. Македонците се соочија со „праведната европска арбитража“ и околу името Македонија со злогласната Лисабонска декларација на Европскиот совет на ЕЗ од 27 јуни 1992 година: беше изразена подготвеност за признавање на „Поранешната Јјгословенска Република Македонија“ – „ПЈРМ“ во рамки на нејзините постојни граници, но под име што не го содржи поимот Македонија. „Европската арбитража“ проработе и во случајот со Резолуцијата на Европскиот парламент од 9 јули 2025 година, кога од предложениот извештај на Томас Вајц беа избришани македонскиот идентитет и јазик, според барањата на Бугарија и Грција.

Несомнено е дека Македонците мора да имаат и искрена, принципиелна и коректна меѓународна поддршка и помош при конечното, трајно и праведно решавање на македонското прашање во Балканот, пред сѐ, придржувајќи се до меѓународното право. Но доста е веќе со интернационализирање и „арбитрирање“ за тоа македонско прашање на начин да ги снема Македонците и Македонија од светската мапа на народи и држави. Македонија не смее да дозволи да ја доживее судбината на Украина, за чија територија и државност, а не само за прекинот на војната, се „решаваше“ на масата во Енкориџ, во Алјаска. Не смее да се дозволи во некоја „европска Алјаска“ „европски арбитри“ со „бугарски секири“ да го „пресекуваат“ македонскиот „идентитетски јазол“ во полза на Софија и други „заинтересирани страни“, спротивно на македонските државно-национални интереси.

(Авторот изнесува во оваа колумна согледувања од сопствена објективна политиколошка анализа, кои немаат никаква поврзаност со која било политичка партија во Република Македонија. Ставовите на авторот не се став на редакцијата на „Експрес“)

„Нова Македонија“

Најнови вести од: Македонија

М-НАВ: Апелација ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената одлука со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година. Веста денеска ја соопшти адвокатот Горан Николоски, правен застапник на Македонска навигација. Со оваа одлука, решението на Основниот граѓански суд Скопје стана правосилно, со што се оневозможува реализацијата на штрајкот кој предвидуваше ограничување на летовите и делумно затворање на македонскиот воздушен простор.

Владата на Македонија најавува шест автопати во исто време: ќе се градат Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани, Кичево-Охрид конечно пред целосно завршување!

Во втората половина од годинава во Република Македонија истовремено ќе се градат шест автопатски делници, најави Владата. Според плановите, кон крајот на овој месец или на почетокот на следниот ќе започнат градежните активности на втората делница од автопатот Скопје – Блаце, додека во септември или октомври се очекува старт и на изградбата на автопатот Кичево – Букојчани.

Ќе се градат автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Букојчани, а Кичево-Охрид конечно пред целосно завршување

Истовремена изградба на шест автопатски делници во државата во текот на втората половина од годината – најавува Владата. Кон крајот на овој месец или во почетокот на следниот се очекува да почнат работи на терен за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, а во септември или октомври и градежните работи за автопатот Кичево – Букојчани. На терен се заокружуваат работите за целосно ставање во функција на автопатот Кичево – Охрид, а се работи и на делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола од проектот со „Бехтел и Енка“.

Ексградоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски оди една година во затвор, поради кривичното дело „бесправна градба“

Предметот е кај судија за извршување казни, откако Апелацискиот суд ја потврди првостепената пресуда против поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, со која му е изречена казна затвор од една година за кривичното дело „бесправно градење“. Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, Второстепениот суд, постапувајќи по жалбите на обвинетите и на Јавното обвинителство, донел пресуда со која ја потврдува казната за делото „Бесправно градење“. Во изречената казна ќе му биде пресметан и периодот поминат во куќен притвор, од 19 март до 15 август 2019 година.

Експотпретседателот на СДСМ и ексдиректор на Царината Стефан Богоев, фатен со мито за за местење тендер, излегува од притвор! – Судот прифати гаранција од 55 илјади евра!

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на осомничениот Стефан Богоев и ја прифати понудената гаранција, со што се укинува мерката притвор што претходно му беше определена во траење од 30 дена. Претгодно, во текот на истиов ден, на 9 јуни, ВМРО ДПМНЕ соопшти: „Поранешниот потпретседател на СДС и дете на Заев Стефан Богоев е фатен со мито за местење тендер“. „Стефан Богоев- Богац, поранешен директор на Царинска управа од СДС, наместил тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони евра. Од свиркачи ВМРО ДПМНЕ дознава дека дека Богац ќе добиел 10% од тендерот кој самиот го наместил. Тендерот бил во вредност од 18 милиони денари, па ако на Богац му биле ветени 10%, тоа значи дека тој ќе инкасирал 1,8 милиони денари. Според ова, се разоткрива уште една тендерска шема на СДС, а ВМРО ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да истражи дали ова е единствениот тендер кој Стефан Богоев-Богац го наместил за време на мандатот на директор.“ – имаше нагласено ВМРО ДПМНЕ. Но, наспроти сите овие сериозни индикации, се соопштува денес дека судот донел одлука за  пуштање на Богоев од притвор, која била донесена по жалба изјавена против решението на судија на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител, на Богоев му беше определен притвор.

ВМРО ДПМНЕ: Кога СДС говори за корупција нека си го исчисти прво дворот, полн со криминалци! – Македонија предводи со реформите во регионот!

Од Планот за раст за спроведени реформи 65,7 милиони евра се за Македонија и нејзината Реформската агенда, најмногу од целиот регион, а кога СДС говори за корупцијата нека почне прво со чистење на својот двор кој е полн со криминалци!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Најнови вести

To top