Македонија

Нема нови барања од Бугарија, тоа се истите од 2022 година

Некој има потреба да манипулира затоа што потпишал капитулација – потенцира премиерот

Ова не се нови барања од Бугарија. Македонската јавност, македонските граѓани мора да знаат дека ова се барања кои постојат од 2022-ра година, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

-Јас разбирам дека некој има потреба да манипулира затоа што потпишал капитулација, затоа што бил политички неуспешен, затоа што бил национално исплакнат, бил обременет со криминал и корупција и бил подготвен бел лист хартија да потпише, да прифати се. Тоа е вистината. Македонските граѓани мора да знаат дека не се само промена на Уставот и дел од бугарската заедница во преамбулата. Тоа е само почеток, ја отвораме Пандорината кутија. Следи акцискиот план, работата на историската комисија, протоколот 2, таму има 15-тина нови барања, рече Мицкоски.

Посочи дека тоа го прифатила претходната Влада.

Тоа, посочи Мицкоски, се барања кои ние ги видовме уште во 2022 година и затоа рековме дека сме против.

-Само што, чекавме четири години, и да бидам попрецизен, три години, за тие барања да ги слушне цела Европа, светот, но и оние граѓани коишто, за жал, беа жртви на манипулативната политика на поединци. Ова не се нови барања, ова се истите барања. Да бидам попрецизен, работата на историската комисија не е формална, таа е суштинска. За нив, работата на историската комисија е суштинска. Немаме исто гледање на идентитетските прашања. За нас, Гоце Делчев е идентитетот македонски, за нив не е, за нив е дел од бугарскиот идентитет. За нас, Илинденското востание е дел од македонскиот идентитет, за нив не е. Тоа е Преображенско востание. Тоа се суштински прашања коишто, за жал, се присутни уште од 2022 година. Не се нови барања, изјави Мицкоски.

Потенцира дека сè уште е оптимист кога станува збор за разговорот кој го имаше со канцеларот Мерц и со францускиот претседател Макрон, затоа што, нагласи, тоа што е разговаравме на тој состанок е сосема различно од тоа што е разговарано на вчерашниот состанок во Софија.

-Ние мора да бидеме оптимисти и да работиме, истовремено да ги штитиме македонските национални интереси, да не влегуваме во авантура, да не бидеме очајници и давеници, како што тоа го правеше претходната влада, којашто, за жал, е последниот браник на она што беше прифатено во 2022 година, кои се единствените лојални позиции на актуелната политика на нашиот источен сосед внатре во Македонија. Но, за брзо време, веќе сме во втората половина на нашиот мандат, ќе имаме парламентарни избори, па граѓаните нека одлучат. Дали овие, кои капитулираа, ја ограбија, ја осиромашија и ја уништија Македонија треба да добијат и еден пратеник, или ние, коишто нудиме сосема еден нов концепт кој се темели на многу работа, но истовремено бескомпромисна битка и со став за националните интереси, наведе премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти.

To top