Македонија

Нема повеќе возење по 2-3 лица на електричен тротинет! Забрана за малолетници, само лица над 18 години!

По сè почестите случаи на небезбедно користење на електричните тротинети, Собранието ги усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за нивното учество во сообраќајот.

Во изминатиот период граѓаните сè почесто укажуваа на несовесно управување со електрични тротинети, особено од страна на малолетници кои неретко се движат со брзина поголема од дозволената, превезуваат по две или три лица на едно возило и учествуваат во сообраќајот без заштитна опрема, создавајќи опасност и за себе и за останатите учесници во сообраќајот. Со законските измение, кои беа донесени по скратена постапка, се регулира користењето на лесните електрични возила, категорија во која спаѓаат и електричните тротинети.

Една од најважните новини е ограничувањето на максималната дозволена брзина на 20 километри на час, во согласност со препораките на Европската Унија за регулирање на овој вид превозни средства. Максималната дозволена брзина ќе биде 20 километри на час, електричните тротинети ќе смеат да ги управуваат само полнолетни лица, а за потешките прекршоци ќе биде можно и одземање на возилото.

Истовремено, се зголемува и минималната возраст за управување со електричен тротинет. Наместо досегашните правила, отсега овие возила ќе смеат да ги управуваат само лица кои имаат наполнето најмалку 18 години. Измените предвидуваат и значително заострување на казнената политика. Освен парични казни, во одредени случаи ќе биде можно и одземање на електричниот тротинет.

Таквата мерка ќе се применува доколку со тротинет управува малолетно лице, ако се надмине дозволената брзина, ако се превезува друго лице на возилото или ако возачот управува под дејство на алкохол. Со законот се усогласени и прекршочните одредби со новите правила, а целта на измените е да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се намали бројот на прекршоци и несреќи во кои учествуваат електричните тротинети.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top