Македонија

Нема седмица без радост од голема добивка на инстант лотарија

Речиси секојдневно се потврдува дека среќата е насекаде

Во Државна лотарија велат дека секоја недела во нивните благајни се запознаваат со по неколку добитници на премии и големи добивки од инстант лотаријата. Благодарение на богатата понуда на различни видови стокови и парични премии и многубројните големи добивки што ги носат инстант лозовите, речиси секојдневно се потврдува дека среќата е насекаде.

Во богатата понуда има станови автомобили, електрични мотори и парични добивки до 10.000.000 денари Инстант лотаријата денес претставува една од најпопуларните и најдостапни забавни игри кај играчите низ земјата. Со големи фондови, разновидни теми, забавни начини за игра и возбудливи добивки, секој од лозовите носи свој посебен печат и можност за радосно изненадување.

Во сегашната понуда има 10 лоза и секој од нив има многубројни среќни приказни. Лозот „Титаниум“ е вистинскиот избор за оние што посакуваат премија автомобил, а лозот под име „Доме сладок доме“ е совршен за оние на коишто им е потребен стан во Скопје. Инстант лозот „Урбан стил“ со понуда на електрични мотори е уште еден во серијата лозови со стокови добивки што го поддржува урбаниот стил на живеење и заштитата на човековата околина. Серијата парични лозови има вкупно седум лоза од коишто „Мега Милионер“ ги нуди најголемите парични премии во вредност од 10.000.000 денари, 8 добивки по 1.000.000 денари и други големи парични добивки.

Еден од најомилените инстант лозови „Макси златна рипка“, препознатлив по начинот за дознавање добивки носи премии вредни по 1.000.000 денари, а возбудливата „Златна Треска“ со дури три игри на еден лоз ги привлекува играчите со својот впечатлив дизајн и богата палета добивки меѓу кои 5 премии во вредност од по 585.000 денари. Во серијата парични лозови е навистина забавно, тука е веселиот и свеж инстант лоз „Фрути“ со премии од по 400.000 денари, елегантниот и светкав „Дијамант“ со којшто потрагата по симболите прстен и дијамант може да заврши со освојување на една од 10- те премии вредни 300.000 денари, а вистинскиот хит за љубителите на астрологијата е лозот „Хороскоп“, којшто комбинирајќи нумерологија и астрологија ги впушта играчите во забавна игра со хороскопски симболи и броеви и носи многубројни парични добивки покрај 5-те премии од 500.000 денари.

Списокот членови на семејството на инстант лотаријата го завршуваме со инстант лозот, којшто го носи традиционалниот симбол на семејна среќа и благосостојба и веќе препознатлив и како симбол на Државна лотарија ‒ „Калинка“. Овој инстант лоз со 7-те премии од по 700.000 денари е шармантен и забавен, а познат е по својата убава симболика и примамлив изглед. Велат дека во една калинка има околу 365 зрна среќа ‒ по секое за секој ден.

Така и во семејството на инстант лотаријата, коешто има безброј „инстант“ добивки што секој ден носат радост на голем број љубители на игрите на среќа, кои се над 18-годишна возраст. Забавните игри, впечатливите дизајни и многубројните добивки на инстант лозовите ги мотивираат играчите да продолжат да ја следат својата среќа со членовите на големото семејство на инстант лотаријата на Државна лотарија, чијшто слоган е СРЕЌА ПОД ПРСТИТЕ, а симболот на инстант лотаријата на Државна лотарија е отворена калинка со видливи зрнца среќа. Инстант лотаријата навистина ја носи среќата во сите краеви на нашата земја. Затоа, среќата е навистина насекаде со Државна лотарија.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top