Македонија

Невидена трагедија: Мајка и дете денес околу 14 часот се фрлиле од зграда кај „Алумина“ во Скопје!

Страотна трагедија се случи денес попладнево: мајка на возраст од околу 45 години и дете на возраст од околу 10 години се фрлиле од зграда кај „Алумина“ во Скопје и потоа починале на самото место. Идентитетот на жртвите засега не е познат, а увидни екипи на полицијата и обвинителството се на местото на настанот.

Од МВР потврдија дека околу 14.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека од балкон во зграда во кај „Алумина“ во скопската населба Карпош скокнала мајка со дете. Жители на овој дел на Скопје сведочат за зголемено присуство на полицијата на местото.

Екипи на Брза помош упатени се на местото каде се случи немилиот настан.


Поврзана вест Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем, бара ужалениот брат и вујко по денешната огромна трагедија
Нема да се вратат, но правда мора да има – Исповед на братот на мајката што со ќерката скокна во смрт
Најчитани вести Психопат, бришач, седмак, зини да ти кажат… лоши пораки за СДСМ на нивниот профил
Груби пораки за Богданка Кузеска и Филипче на Фејсбук профилот на СДСМ

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top