Македонија

Незири: Измама е ако наместо за комунални проблеми на граѓаните се зборува на локалните избори за употреба на албанскиот јазик и други национални прашања!

„На парламентарни избори се зборува и се решава за национални прашања, а на локални избори се зборува и се решава за локални, комунални потреби на граѓаните.“ – укажува политичкиот аналитичар Џелал Незири.

Политичкиот аналитичар Џелал Незири во емисијата „Дебата во Шења“ рече дека не верува оти овие локални избори ќе ја одредат судбината на сегашната влада. Според него, ќе има локални избори и сè што ќе се каже надвор од тоа е измама. Ова го објави ТВ Шења.

Натаму телевизијата наведува: „Не можеме да тврдиме дека ќе промениме нешто на национално ниво, гласајќи за советници и градоначалници. Не може да се подобри статусот на албанскиот јазик со освојување општина. Со гласање на локалните избори не може да се спречи стеснувањето на употребата на албанскиот јазик, или другите права, што ги бара опозицијата ги бара. “, рече аналитичарот Незири.

Тој рече дека локалните избори се однесуваат на многу конкретни проблеми на граѓаните како што се: водоснабдување, канализација, паркинзи, плоштади, тротоари… „Националното прашање треба да се решава на парламентарни избори, а не на локални избори, бидејќи дури и да ги освоите сите општини, не можете ниту да спречите дискриминаторски закон, ниту да унапредите друго право, бидејќи локалната самоуправа не е за тие прашања.“ – посочи Незири.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

To top