Македонија

Николоски: До 2029 година ќе имаме комплетен автопат и експресен пат од граница до граница на Коридор 8

Сериозен потфат кој веќе се спроведува

Нашата амбиција е не подоцна од 2029 година на Коридорот 8 да имаме поврзување со автопат и експресен пат граница со граница или од граничниот премин Ќафасан до граничниот премин Деве Баир со Бугарија, истакна во вечерашното гостување во емисијата “Јади бурек”, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој детално го елаборираше планот на Владата и Министерството за транспорт во однос на транспортните коридори.

„Охрид-Кичево до крај на следната година ќе го завршиме со крак до Струга, Требеништа – Ќафасан не можеме да го работиме поради забрана од УНЕСКО. Со ЕБОР ја работиме спојката Кичево – Букојчани од 11км. Таму очекувам во понеделник да излезе барањето за доставување финансиски понуди и рокот е до 10 октомври да стигнат понудите, а рокот на завршување е 3 години. Букојчани-Гостивар или популарната Стража, веќе многу интензивно ја работи Бехтел со тоа што таму спасивме 250 милиони евра на државата. Гостивар-Тетово го почнавме, тој реално се завршува брзо, но има многу население од двете страни и не сакаме да го закочиме сообраќајот туку ќе оди паралелно со Букојчани-Гостивар. Значи за три години отсега и тој би требало да се заврши. Тетово-Скопје има автопат, Скопје-Обиколница-Куманово има автопат, за експресен пат Куманово-Страцин сега бараме пари од ЕУ, а Страцин-Крива Паланка го пуштивме во јануари годинава, а во моментов работиме на целосна реконструкција на граничниот премин Деве Баир со Бугарија“, истакна Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Триесет години од атентатот врз претседателот Глигоров: Многу прашања останаа неодговорени

Триесет години по атентатот на првиот претседател на самостојна Македонија Киро Глиговор се бараат одговори на четири клучни прашања: кои беа причините и мотивите за атентатот, кои се можните нарачатели и извршители, дали можеше и зошто не беше превениран атентатот и зошто државните органи во изминатите три децении не дадоа одговор на овие прашања. Дел од учесниците на денешната научна и стручна конференција „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател на Република Македонија и врховен командант на АРМ“, сметаат дека мотивите се политички и дека целта била земјата да го смени правецот на „движење“.

Возеле и без дозвола и со забрана за возење: уапсени 11 лица, одземени им се возилата

Во текот на вчерашниот ден биле уапсени дури 11 лица кои возеле автомобил, иако не исполнувале услови. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, овие 11 возачи се лишени од слобода поради возење со активна забрана за управување возило, без возачка дозвола или под дејство на алкохол.

Македонија со подобрена позиција во поглед на индексот за корупција споредено со 2025

Во споредба со претходната година кога беше на 88 место, Македонија годинава се помести 4 места погоре. Во извештајот за 2025 година, објавен денеска, 10 февруари, македонската држава доби 40 поени. На индексот за корупција на Транспаренси Интернешенел од 182 земји, кај кои е измерен Индексот на корупцијата, Транспаренси интернешенел ја рангира Македонија на 84 место.

Откако констатирала смрт, екипа на Итна помош добила закани на Бит Пазар

На 10.02.2026 година околу 02:45 часот, во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека при интервенција во куќа на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, биле упатени закани кон медицинскиот персонал.

Петрушевски: Со шверцот на марихуана на „црниот пазар“ Заев и Филипче ја направија Македонија „Колумбија на Балканот“!

„Каде е менторот Зоран Заев, таму е и чиракот Венко Филипче, кој дословно го учи занаетот од него. Каде има криминал, корупција, па и производство и шверц на дрога, таму е и Заев. Бизнисот со марихуана, кој наместо за медицински цели, завршувал на црниот наркопазар, поминувал со аминување на Заев и Филипче. Со ова Македонија ја направија ‘Колумбија на Балканот’.“ – нагласува Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од ВМРО ДПМНЕ, во денешното обраќање до јавноста.

Дурловски против Фрчковски: Секој обид за „висока мисла“ за Заев завршува како пародија

Оперскиот уметник и јавен коментатор Игор Дурловски со остра реакција на социјалните мрежи го критикуваше јавниот дискурс поврзан со поранешниот премиер Зоран Заев, посочувајќи дека станува збор за длабока морална и интелектуална празнина во која, како што наведува, секој обид за „висока мисла“ завршува како пародија.

To top