Македонија

Николоски: Од денеска за Мадрид се лета од Скопје

До сега воведовме вкупно 21 авиолинија, бележиме силен раст на патници на двата аеродроми

Скопје од денеска директно се поврзува со шпанската престолнина Мадрид, авиолинија која е една од дваесетте авиолинии што ги воведовме во изминатата година, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со амбасадорот на Шпанија во Македонија, Рафаел Сориано Ортиз и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, го означија првиот лет Скопје-Мадрид.

Вицепремиерот Николоски потенцираше дека ова е огромен успех за авиосообраќајот, бидејќи со воведувањето на новите линии се забележува и значителен раст на патници и туристи во Македонија.

Во продолжение интегрална изјава на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски:

“Многу ми е драго што денеска почнува директна линија помеѓу Скопје и Мадрид, ги поврзуваме двата главни града, главниот град на Кралството Шпанија и главниот град на Македонија, нешто што е многу значајно, за развојот на туризмот, за развојот на бизнисот и за размената помеѓу двата народи, размената во културата, нешто што навистина многу значи.

Знаете дека минатата година кога беше избрана оваа Влада, седнавме заедно со ТАВ и направивме нова стратегија, околу начинот на отварање нови дестинации до скопскиот и до охридскиот аеродром. Забележавме дека се потребни иновации и направивме една иновативна политика во делот на субвенционирање, каде што ги зголемивме субвенциите и скоро отидоа дупло од она што беше претходно. Субвенциите по патник по доаѓање на скопскиот аеродром се 9 евра, на охридскиот аеродром 12 евра, и она што е многу, многу значајно, тоа е за патници по доаѓање, што значи дека стимулираме што повеќе луѓе да доаѓаат во Македонија, да расте туризмот и да се развива бизнисот. Исто така ги тргнавме ограничувањата кои што ги имаа авиокомпаниите претходно, во делот на тоа колку претходно треба да оперираат и други ограничувања кои што постоеа.

Како резултат на тоа, гордо денеска можам да споделам два факти. Прво, дека во периодот јануари-октомври, имаме вкупно зголемување на двата аеродроми од 7% по број на патници, каде што скопскиот аеродром расте за 6%, а охридскиот аеродром за цели 17% или вкупно до денес се превезени 2.862.677 патници, бројка која што далеку ја надминува бројката на жители во Македонија.

Од минатата година кога беше избрана оваа Влада до денес, отворивме 21 нова дестинација. Од Париз, од “Орли” се лета за Скопје, од Истанбул се лета за Охрид, од Дубаи ќе почне да се лета за Скопје оваа зима, од Барселона, од Лион, од Амстердам и од Љубљана се лета за Скопје, тука се чартерите на “Фрибрд Ерлајнс” кои што секој ден слетуваат на скопскиот аеродром, кои за скоро ќе бидат и по два дневно. До Охрид почна да се лета од Базел, Ларнака, Мадрид, Штутгарт, Бари, Стокхолм на главниот аеродром почнуваат овие денови. Понатаму, ја отвараме Женева, Келн, многу значајно за мене Прага, а веќе од пролет Неапол-Италија, Будимпешта-Унгарија, Катовице и Вроцлав до Охрид, и Милано исто така до Охрид.

Вкупно 21 нова дестинација, 21 нова линија, за зголемување на бројот на туристи и повеќе бизнис во Македонија. Сакам да се заблагодарам на директорот на ТАВ на неговиот тим, за одличната соработка која што ја имаме, да се заблагодарам на амбасадорот на Шпанија и да најавам дека ќе има уште дестинации од Шпанија, Барселона и Мадрид нема да се последни” истакна вицепремиерот Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top